Корисни примени на филтерот за кафе

Корисни примени на филтерот за кафе

За што друго може да се искористи филтерот за кафе? Ќе се изненадите кога ќе видите дека покрај примарната улога, има и уште многу други практични примени. Па, доколку не знаете што да правите со неискористениот филтер за кафе, прочитајте ги следните интересни предлози.

(0) korisni-primeni-na-filterot-za-kafe-kafepauza.mk

Сад за еднократна употреба

Еден од најдобрите начини да се искористи филтерот за кафе е како хартиен сад за еднократна употреба. Тој е одличен за сервирање јаткасти плодови, пуканки или бонбони, кога немате или пак кога не сакате да користите чинии.

Впивање на маснотиите

Покрај тоа што филтерот за кафе се користи за впивање на вишокот маснотии од лицето, може да се користи и за впивање на маснотиите при готвењето. Филтрите за кафе се особено добри за впивање на маснотии од пица, парчиња пржена сланина, помфрит или друга пржена храна. Исто така, со филтерот за кафе може да ја покриете чинијата кога нешто загревате во микробранова, со што би се спречило прскање.

Креативни проекти

Доколку имате креативен дух, тогаш филтерот за кафе може да го искористите и за такви проекти. Со нив може да направите ќесички за чај, освежувачи за воздух или миризливи торбички. За да направите ќесичка за чај, во филтерот за кафе ставете листови од чај, сода бикарбона и само заврзете го. Ќесичката за чај е готова.

(1) korisni-primeni-na-filterot-za-kafe-kafepauza.mk

Чистење

Филтерот за кафе е одличен за чистење на прозори, стакло, компјутерски и телевизиски екрани. Исто така, може да се користи и за чистење на кожни чевли, но со претходно нанесено соодветно средство.

Градинарство

Филтерот за кафе може да го поставите на дното на саксиите за цвеќе. Така, земјата нема да излегува од дупките на саксијата, а сѐ уште ќе има доволен доток на вода. Исто така, може да го употребите и за расцветување на семе. Навлажнетото семе ставете го во навлажнетиот филтер и свиткајте го. Потоа, ставете го во ќеса и оставете го сѐ додека семето не расцвета.

Третмани за убавина

Доколку си правите домашен третман за нокти и ви се случи да снемате памук, не грижете се. Земете филтер за кафе, на него ставете ацетон и исчистете го лакот од ноктите. Исто така, филтерот за кафе е совршен како лента за депилација во домашни услови. Интересно, зар не?

(2) korisni-primeni-na-filterot-za-kafe-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар