Колку кофеин има во популарните пијалаци?

За повеќето возрасни луѓе со добро здравје, внесувањето 200 до 300 милиграми кофеин дневно, што е еднакво на две до четири шолји кафе, не е штетно по здравјето. Напротив, умерените количини кафе можат да го подобрат вашето целокупно здравје. Тоа ја намалува главоболката и болката во мускулите, ја подобрува краткотрајната меморија, го крева крвниот притисок, го намалува ризикот од рак на кожа и дојка, се бори против целулитот, дури се користи и како состојка во препаратите за нега и убавина… Но, преголемата консумација на кофеин може да има и негативни последици како несоница, нервоза, тегоби во стомакот, неуморност, брзо чукање на срцето и тресење на снагата.

Колку кофеин има во популарните пијалаци?

Американската администрација за храна и лекови го регулира внесувањето кофеин во газираните пијалаци. Лимитот е 71 милиграм кофеин во 350 милилитри газиран пијалак. Енергетските пијалаци многу го прекршуваат овој лимит, откако масовно го заземаа пазарот на пијалаците. Многу брендови содржат и многу поголеми количини кофеин во една лименка, за кои купувачот не е ни свесен. Затоа, доколку кофеинот ви создава некакви проблеми, посетете ги официјалните веб-сајтови на пијалаците кои честопати ги консумирате за да проверите колку кофеин содржат. Плус, имајте на ум дека ваквите пијалаци содржат многу „празни“ калории и вештачки засладувачи, кои доведуваат до покачена телесна тежина.

Погледнете колкави количини кофеин се кријат во популарните пијалаци.

  • Во 250 мл инстант кафе има од 27 до 137 милиграми кофеин.

Колку кофеин има во популарните пијалаци?

  • Во 30 мл еспресо има 30 до 90 милиграми кофеин.
  • Во 250 мл безкофеинско кафе има од 3 до 12 милиграми кофеин.
  • Во 250 мл Кока-кола има 23 милиграми кофеин.
  • Во 250 мл диетална Кока-кола има 31 милиграми кофеин.
  • Во 250 мл Кока-кола зиро има 23 милиграми кофеин.

Колку кофеин има во популарните пијалаци?

  • Во 250 мл Пепси има 25 милиграми кофеин.
  • Во 250 мл диетално Пепси има 24 милиграми кофеин.
  • Во 250 мл чај има од 40 до 120 милиграми кофеин.

Колку кофеин има во популарните пијалаци?

  • Во лименка Ред бул од 250 мл, има 80 милиграми кофеин.
  • Во 250 мл топло чоколадо има 3 до 13 милиграми кофеин.

Колку кофеин има во популарните пијалаци?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар