Капучинолини

Меки, полнети и вкусни колачиња, кои дефинитивно треба да ги направите за вашите најмили…КапучинолиниПотребно е:

(за тесто):

  • 400 г брашно
  • 200 г путер, ладен
  • 100 г кафеав шеќер
  • 50 г бел шеќер
  • 2 големи лажици капучино во прав
  • 25 г какао
  • 50 мл млеко

(за полнење):

  • 100 г шеќер во прав
  • 1 голема лажица + 1 мала лажица капучино во прав
  • 1 голема лажица + 1 мала лажица млеко

Подготовка: Во голем и длабок сад ставете ги сите суви состојки (брашно, шеќер, какао и капучино). Измешајте ги со жица за матење. Потоа, додадете го путерот, сечејќи го на помали кокци. Со раце гмечете го путерот во сувите состојки за да добиете тесто. Додека го формирате тестото, додавајте го млекото. Кога од состојките ќе направите тесто, завиткајте го во платична фолија и ставете го во фрижидер да отстои 30 минути.

Рерната загрејте ја на 180 Целзиусови степени. Земете едно тавче за печење и обложете го со хартија за печење. Од тестото формирајте мали топчиња со големина на орев и во секое топче направете мала вдлабнатина. Колачињата редете ги на хартијата за печење и ставете ги да се печат во загреаната рерна, 10 минути. Важно е да не ги препекувате, затоа што тие треба да бидат меки. За време на печењето, направете го филот за полнење.

Во мал сад ставете ги сите состојки потребни за филот и измешајте ги. Треба да добиете густа смеса. Кога ќе се испечат колачињата, оставете  ги малку да се оладат и кога ќе бидат оладени наполнете ги во вдлабнатината со подготвениот фил. Пред да ги сервирате, оставете филот да се стегне. Супер се со чај или најдобро, со голема шолја кафе.Капучинолини

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар