Капучино тирамису

Лесно, брзо и вкусно. Италијанскиот шмек е неизбежен.Капучино тирамисуПотребно е:

  • 8 пишкоти, преполовени
  • сварено инстант кафе
  • сладолед од чоколадо
  • 140 мл шлаг, изматен
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 3 лажици Бејлис
  • рендано чоколадо за декорација

Подготовка: Во 4 чаши распоредете ги пишкотите, колку да се обложи дното на чашата. Ставете изладено кафе доволно колку да ги омекне пишкотите. Ставете по две топки сладолед, прелијте ги со Бејлис, една лажица шлаг и шеќер во прав. Декорирајте со рендано чоколадо.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Anomis Reply

    kalorii bezbroj hahah

  2. Mia Reply

    …..ама вкусот е сигурно единствен!

Остави коментар