Капучино колачиња

Вкусно колаче, кое истовремено ќе ве освежува и заблажува секое утро

Капучино колачиња

Потребни состојки:
  • 2 филџани саморастечко брашно
  • ¾ филџан ванилин шеќер
  • 1 филџан млеко
  • 2 супени лажици еспресо во прав
  • ½ филџан стопен путер
  • 1 јајце
  • ½ филџан издробено чоколадо за готвење како чипс
  • зрна од кафе
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190° C. Подгответе 12 хартиени калапчиња за колачи. Ставете го путерот во тавче и полека мешајте го на ниска температура додека се стопи. Потоа, тргнете го од ринглата и оставете го малку да се олади. Во меѓувреме, во длабок сад сипете ги брашното и шеќерот. Во друг сад ставете го јајцето, млекото и еспресото во прав и мешајте со лажица додека кафето се изедначи. Подготвената кафе-смеса додадете ја во садот кај што се брашното и шеќерот, а потоа и стопениот путер. Мешајте додека се соединат состојките. Потоа, додадете ги чоколадните парченца и повторно промешајте, но кратко. Кога ќе завршите со изедначувањето на смесата, поделете ја на еднакви колачиња во форма на бомбици. Декорирајте ги со зрна од кафе и ставете ги да се печат 15-20 минути. Можете да се уверите дека се готови кога со чепкалка за заби ќе боцнете едно колаче и таа глатко ќе помине низ него. Извадете ги колачите од рерна и оставете ги 5 минути да се оладат.

Капучино колачиња

Потребни состојки за врвот од капучино:
  • 170-220 грама маскарпоне сирење
  • 1 супена лажица ванилин шеќер
  • ½ супена лажица еспресо во прав
  • ¼ чоколаден чипс
Начин на подготовка на врвот од капучино:

Во длабок сад ставете ги италијанското сирење маскарпоне, шеќерот и еспресото и толчете со толчник додека не се измешаат убаво. Подготвената смеса распределете ја на секое колаче и на крајот декорирајте со чоколаден чипс.

Капучино колачиња

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Guest Reply

    Треба да ставате предупредување на почетокот на ваквите статии… Пример: Не е препорачливо за луѓе што се во можност да изедат 300гр чоколада на еднаш :)

  2. МаИа Reply

    Супер е ова, ама не се вика чоколаден ЧИПС туку чоколадни ЗРНЦА/ТРОШКИ Чипс е англиски еквивалент.

  3. Martina Reply

    Kakvo e toa samorastecko brasno? Zatoa sto jas pravev ednaska torta so obicno brasno sto vo receptata i stoese deka treba takvo samorastecko brasno i ne se pogodi (voopsto ne porasna a imav staveno i pecivo) Imame li tuka takvo brasno ili sto bi bila dobra zamena? Fala :)

  4. saska Reply

    ima po marketive,bas pisuva na nego samorastecko

Остави коментар