Како стратешки да пиете кафе за да ја зголемите вашата продуктивност?

Како стратешки да пиете кафе за да ја зголемите вашата продуктивност?

Речиси сите имаат чудна врска со кафето, полна со љубов и омраза. Знаете дека премногу кафе не е добро за вас, но исто така знаете и дека тоа е одличен извор на енергија. Дури и ако земете мала доза кофеин, вашето тело ќе го исфрли за 8 до 14 часа, а потоа ќе се чувствувате мрзливо, а понекогаш и лошо. Но дали знаевте дека ако пиете кафе со стратегија, наместо по навика, ќе имате резервоар со енергија кој постојано ќе ви биде на дофат?

Како стратешки да пиете кафе за да ја зголемите вашата продуктивност?

Пиење кафе со стратегија

Крис Бејли, авторот на книгата „Проектот продуктивност“ (The Productivity Project) сфатил дека му било доста од мамурлакот од кофеин, но не сакал да се откаже од кафето. Па решил да проба нешто малку поинакво – консумирал кафе пред да прави нешто важно. На пример, пиел кафе пред да држи презентација, да пишува нешто или пред да заврши некоја обврска. Без разлика каква била задачата, важно било дека барала фокус и мозочна енергија. Целта на експериментот била едноставна: Како да искористите најмногу од ефектот на кафето пред да го почувствувате „мамурлакот“ од него?

Кофеинот го спречува мозокот да ја апсорбира хемикалијата наречена аденозин. Аденозинот му дава знак на вашиот мозок дека сте уморни. Иако кофеинот го блокира апсорбирањето на хемикалијата, таа сепак се насобира. Кога поминува дејството на кофеинот, вашиот мозок го апсорбира наталожениот аденозин. Токму поради ова одеднаш се чувствувате уморно и сакате да спиете. Но ако пиете кафе или кој било кофеински пијалак со стратегија, подобро ќе го искористите времето кога вашиот мозок е „имун“ на аденозин.

Кога не можете да пиете кафе?

Пред да почнете да консумирате пијалаци со кофеин, важно е да следите некои правила. Не може да пиете благи или алкохолни пијалаци со кофеин. Овие пијалаци имаат свои недостатоци кои ќе направат да се чувствувате уште поизморено откако ќе помине дејството на кофеинот. Наместо тоа, одберете зелен или друг чај со кофеин. Овие чаеви се полни со антиоксиданси кои ќе ви помогнат да го забавите и да го регулирате мамурлакот од кофеин.

Кога да консумирате кофеин?

Немојте да го користите кофеинот како лек. Целта е да го искористите прозорецот на продуктивност, а не да го консумирате до крајот на денот. Исто така, важно е да избегнувате кофеин ако планирате да работите нешто креативно. Некои истражувања покажале дека кофеинот ѝ штети на активноста на десната страна на мозокот. Ако ви одговара со распоредот, консумирајте кофеин помеѓу 9:30 и 11:30 часот. Во овој период тој ќе има најголемо влијание на вашата енергија, бидејќи токму во овој период најголеми се шансите да се чувствувате изморено. Се разбира, избегнувајте кофеин 8 часа пред да одите на спиење за да не ви го наруши сонот.

Бидејќи недостатокот од кофеин ќе го почувствувате околу 8 до 12 часа по консумирањето, испијте шолја кафе 12 часа пред да одите на некое долго патување. Ова ќе ви помогне да го преспиете патот.

Кој може да пие кофеин?

Се разбира, ако сакате да пиете кафе или други кофеински пијалаци, никој не може да ве сопре. Но, важно е да знаете дека тие имаат различно влијание кај секого. Се покажало дека кофеинот прави интровертите да постигнат послаби резултати кога се под притисок или ограничени со време. Причината за ова е тоа што интровертите се стимулирани од нивното опкружување, а стимулацијата од кофеинот може да им создаде голем притисок. Интересно е што за екстровертите се покажал сосема спротивен ефект. Ако сте социјална и отворена личност, консумирањето кофеин пред некоја важна задача може да биде одличен избор за вас. За амбивертите, луѓето кои се наоѓаат на средината, најдобро е да консумираат кофеин со стратегија.

Што е најдобро за вас?

Дел од стратегијата вклучува и експериментирање. Можеби шолјата во 6 часот наутро ќе ве држи само до 10 часот. Или пак можеби треба да пиете кафе малку покасно, кога нивото на кортизол природно се намалува. Она што е важно е да откриете што ви одговара најмногу и ќе се изненадите од разликата што може да ја направи една шолја кафе.

Дознајте и кога треба да пиете кафе според вашиот личен хронотип.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар