Како пивото и кафето влијаат на вашиот мозок?

Кој би рекол дека пивото ви ја буди креативноста, а кафето ви помага да се фокусирате на реализација на добрите идеи? Разгледајте го овој интересен инфографик и прочитајте ги овие кул факти за вашите најомилени пијалаци.

(1) Како пивото и кафето влијаат на вашиот мозок?

Како пивото влијае на вашиот мозок?

Како кафето влијае на вашиот мозок?

Обележаниот дел од мозокот на илустрацијата се нарекува мозочна кора. Оваа мозочна кора ги контролира свесните мисли, јазикот и интеракцијата. Кога аденозинот ќе се поврзе со рецепторот за аденозин, почнувате да се чувствувате поспано.
Кога алкохолот ќе навлезе во мозочната кора, почнувате да се чувствувате помалку концентрирано, но од друга страна тој ви го ослободува умот од сите работи кои најчесто го окупираат. Кога ќе се напиете кафе, рецепторот се поврзува со кофеинот, наместо со аденозинот.
Кога ќе достигнете ниво од 0,7 промили алкохол во крвта (околу 2 чаши пиво) станувате покреативни. Тоа значи дека 5 минути подоцна се чувствувате поенергично.
Добрата страна на пивото. Пивото прави да се чувствувате помалку загрижени за светот околу вас, што го ослободува вашиот мозок и ви овозможува да направите подлабоки конекции со другите луѓе и да смислите одлични идеи. Добрата страна на кафето. Ефектот од кофеинот се чувствува после само 5 минути. Тој ви дава повеќе енергија и ви овозможува повеќе да се концентрирате.
Лошата страна на пивото. После неколку пива се чувствувате деконцентрирано и меморијата ви попушта. Лошата страна на кафето. Пиењето дури и мали количини кафе создава отпорност и на вашиот организам му е потребна дополнителна количина за да ја постигне истата стимулација.
Најдобриот момент да се напиете пиво: кога сте во потрага по некаква иницијална идеја. Најдобриот момент да се напиете кафе: кога веќе имате некаква идеја на ум и едноставно потребно ви е да се фокусирате на квалитетна работа.
Сепак, пиењето премногу големи количества и од пиво и од кафе, значи губење на сите овие кул придобивки. Затоа, треба да се пие умерено.
Заклучок: Пивото е одлично за поттик на вашиот мозок за смислување одлични идеи. Кафето е одлично за реализација на тие идеи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Мартин Глувиќ Reply

    Пијам и едно и друго ама пиво си е Пиво!! :)))

Остави коментар