Како да си приготвите виетнамско ледено кафе?

Освежете се и изгасете ја жедта со Виетнамско ледено кафе

  • Најпрво во стаклена чаша сипете 2 супени лажици слатко кондензирано млеко.
  • Потоа во специјално лонче со цедилка, ставете 2 супени лажици филтер кафе и протресете го за да се изедначи.

Како да си приготвите виетнамско ледено кафе

  • Со цедилката притиснете го кафето за да се набие убаво и малку завртете ја.
  • Лончето со цедилката ставете го над стаклената чаша и истурете во него врела вода, при што кафето ќе почне да се процедува.
  • Лончето поклопете го со капаче, за да се одржува топлината на кафето.
  • Кога ќе се процеди целосно, со лажичка убаво промешајте за да се изедначи кафето со кондензираното млеко.
  • На крај, во висока стаклена чаша наполнета со коцки мраз до врвот, истурете го топлото зготвено кафе.

Како да си приготвите виетнамско ледено кафеНачинот на подготовка е прикажан во видеото:

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар