Како да си нарачате кафе во Италија?

Автор: Теодора Трповска

Кога нарачувате кафе во Италија, секогаш имајте ја на ум неговата цена. Во многу кафе барови на преубавите улички во Италија, едно капучино може да чини четири пати повеќе од капучиното што ќе го нарачете и пиете во некој обичен бар.Како да си нарачате кафе во Италија?Италијанците нивното кафе го пијат набрзина, во бар, пред да отидат на работа, оставајќи ги масите празни за туристите.

Ако сакате да го прашате келнерот кое кафе да го нарачате, бидете подготвени, откако ќе ви го даде кафето да му оставите пристоен бакшиш.

Ако сакате да нарачате еспресо во Италија, треба само да побарате „кафе“ и запомнете: треба да го испиете брзо. Еспресото не е кафе кое се пие голтка по голтка, туку треба да се испие во две до три голтки, најмногу.
Како да си нарачате кафе во Италија?Кафето не се служи самостојно, туку се служи после некој оброк, со исклучок на појадокот. Секое кафе кое следи после појадокот, не треба да има ни капка млеко, а оние кои нарачуваат капучино после 11 часот, често се исмејувани од страна на вистинските Италијанци.

Како и да е, постојат најразлични видови кафиња кои можете да ги нарачате и кои се вкусни.

Како да си нарачате кафе во Италија?
Еве листа на кафиња кои најмногу се нарачуваат во Италија:
.

  • Еспресо (Espresso) – познато како Caffe во Италија, се служи во шоља со 88 мл кафе, силно по својот вкус и со бронзена пена
  • Допио (Doppio) – двојно еспресо
  • Ристрето (Ristretto) – кафе кое е поконцентрирано од еспресото и се прави со помалку вода
  • Лунго или Американско кафе (Lungo or Caffe Americano) – спротивно на ристрето, еспресо кое се прави со повеќе вода
  • Макијато (Macchiato) – еспресо кое е „обележано“ со пена од млеко на врвот
  • Корето (Corretto) – еспресо кое е „коригирано“ со коњак или друг 60-процентен алкохол
  • Капучино (Cappuccino) – еспресо со млечна пена, кафе кое содржи еднаков размер на млеко, кафе и млечна пена
  • Капучино скуро (Cappuccino scuro) – капучино подготвено со помалку млеко и карактеристична темна боја
  • Капучино кјаро (Cappuccino chiaro) – капучино подготвено со повеќе млеко (не повеќе од количината на млеко во кафе лате) и карактеристична светла боја
  • Кафе лате (Caffelatte) еспресо подготвено со повеќе млеко од капучиното и со малку млечна пена. Во Италија се пие за време на појадокот.
  • Лате макијато (Latte macchiato) запенето млеко кое е „обележано“ со доза еспресо кафе
За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Киро Велковски Reply

    Хм, ги заборавивте и цените – за носење, на шанк, за седење внатре и за седење надвор. 4 различни цени :)

  2. zarko Reply

    A znaat li da pravat “tursko” so 2 cm. talog? : )

Остави коментар