Кафето во нашите животи

Кафето во нашите животи

Кога ќе помислите на кафе, веројатно веднаш ви доаѓа асоцијација за многу работи во главата. Дружба, смеење, забава, расонување, состанок… Без разлика дали го сакате или го мразите, не може да се негира фактот дека кафето е составен дел од секојдневието на секого.Кафето во нашите животиКафе-барови има на секој чекор, нови видови кафиња, машини и други кафе-продукти излегуваат секој ден, а реченицата „Ај да одиме на кафе“ е типично да се слушне дури и од човек кој не го консумира овој напиток. Па, зошто кафето е толку застапено во нашите животи? Што е толку зависно во врска со него? Веројатно, првата причина лежи во самото негово дејство.

Кофеинот е супстанца која предизвикува зависност. Тој е причината поради која не можете да заспиете доколку консумирате кафе доцна навечер, но и за вашата силна главоболка кога ќе го испуштите утринското. Но, она што создава дополнителна зависност, веројатно и многу поголема, е неговиот социјален аспект.

Кафето оди одлично во друштво со пријателите, овозможува со некого да се запознаете подобро, да надокнадите за пропуштеното, да озборувате… Кафе-баровите претежно ги одликува опуштена атмосфера со свеж мирис и удобни столчиња, заради што тие се прв логичен избор при договарање средби.Кафето во нашите животиВо време кога сите сме презафатени со многу обврски, немаме време или пари за да излегуваме често во град или пак пријателите со кои одамна не сме се виделе, живеат на другата страна од градот, пиењето кафе во некој кафе-бар кој се наоѓа на пола пат, излегува како сосема очекувана опција. Еве што може да се прави на кафе:

  • да се видите со пријателите
  • да решите нечиј проблем, да споделите мака или само да озборувате
  • да појдете со колега кој сакате подобро да го запознаете
  • да се запознаете со симпатијата кој ви е сè уште незгодно да го поканите на вистински состанок
  • да гледате во згодни момци/девојки кои исто така се „на кафе“
  • да решавате задачи по математика или да спремате испит од друга област
  • да разменувате идеи и да кроите планови
  • да се видите со братучед/ка, кој/а ви е врсник, но вообичаено го/ја среќавате само на свадби
  • да викнете некој дома или да му „се трупнете“ на некого ненајавено – со кафе ова се простува 🙂
  • да уживате сами со шолјата кафе и весник или лаптоп

Кафето во нашите животиПовеќето кафе-барови сега имаат безжичен интернет пристап, па ова ги прави згодна дестинација за состанок со колеги и соработници од работа, како и со колеги од факултет. Не е воопшто чудно што првата идеја за средба која на многумина им паѓа на памет е за „на кафе“. Изборот за местото е голем, може да се работи и да се ужива во исто време, плус имате можност да пробате некој нов кафе-напиток.

На нашето прашање: Како најмногу сакате да го пиете вашето попладневно кафе?, несомнено најмногу одговори добивме од оние кои сакаат да посетуваат кафе-барови со пријателите или подетално:

  • Со пријателите во кафе-бар: 144 гласа
  • Сам/а, сервирано во огромна шолја: 48
  • Дома, со најблиските: 49

Останатите одговори имаа помалку гласови, а само 8 од 302 гласачи не пијат кафе.

Големата понуда на разни кафе-машини е уште една погодност за љубителите на кафе. Тие удобноста за состанување со блиските ви ја овозможуваат директно во вашиот дом. Да не забораваме дека домашната подготовка ви отвора многу можности за експериментирање со разни вкусови.

Заклучокот би бил дека без разлика дали пиете кафе, каде го пиете и дали воопшто го консумирате кога одите „на кафе“, социјалната улога на кафето односно пиењето кафе во друштво, предизвикува исто толку зависност колку и самото кафе.

Се сложувате? Колку кафето е значајно во вашиот живот?



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. rihanna Reply

    Can’t live without coffe:)

  2. Mia Reply

    Кафето е феномен самото по себе. Ај на кафе, свари ми кафе, сакаш кафе, какво кафе ќе пиеш…идеме на кафе??? Филтер кафе со млеко е мојата инспирација за ваков неповразн коментар.

Напиши одговор на Mia Откажи одговор