Кафето нѐ освестува благодарение на автосугестијата

Доколку сте едни од оние кои мислат дека не можат да го преживеат денот без да го испијат своето утринско кафе, тогаш се лажете. Научниците открија дека „будењето“ е само резултат на вашата автосугестија.Кафето нѐ освестува благодарение на автосугестијатаГолем број луѓе се чувствуваат забавено во текот на целиот ден, доколку ја прескокнат првата шолја кафе наутро, а доколку не пијат кафе ни попладне, тогаш стануваат нервозни и раздразливи. Иако е научно докажано дека кофеинот го поттикнува лачењето на адреналин во нашиот организам, сепак истражувањето на Универзитетот Ист во Лондон, покажало дека благопријатното влијание на кофеинот врз нашиот организам, е во главно само во нашата глава. Тоа значи дека доколку кафето го пиеме со цел да се разбудиме, нашиот мозок така и ќе реагира.

Научниците ги поделиле испитаниците на четири групи, при што на првата група им дале да се напијат обично кафе, на втората кафе за кое им било кажано дека е безкофеинско, на третите им дале кафе кое не содржи кофеин, а на четвртата кафе без кофеин, за кое им било кажано дека е обично кафе. Резултатите покажале дека луѓето кои пиеле безкофеинско кафе, мислејќи дека во него има кофеин, ги решиле тестовите кои им биле дадени, подеднакво добро како оние кои пиеле обично кафе.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар