Кафето е поздраво од црниот, но не и од зелениот чај

Крис Килхем, алтернативен медицински истражувач и пронаоѓач на природни лекови ширум светот, дава одговор на прашањето: „Што е поздраво да се пие, кафе или чај?“ во емисијата на д-р Мени Алварез, кој е медицински соработник за ТВ каналот Фокс Њуз.Кафето е поздраво од црниот, но не и од зелениот чајПомеѓу кафето и црниот чај тој го бира кафето, бидејќи во него има многу здрави природни состојки кои се исклучително добри за нашето здравје, како антиоксидансите, кои заштитуваат од разни болести, го регулираат притисокот и шеќерот во крвта. Но, кога станува збор за кафето наспроти зелениот чај, тој го одбира зелениот чај бидејќи не е ферментиран и е богат со флавоноли, кои се губат при ферментацијата на црниот чај.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар