Кафе Том и Џери

Интересен кафе коктел за студените денови

Кафе Том и Џери

Потребни состојки за 4 лица:
  • 3 јајца
  • 3 супени лажици шеќер во прав
  • ½ кафена лажица цимет
  • ½ кафена лажица каранфилче
  • 80 мл бренди
  • 160 мл рум
  • врело кафе (по ваш избор)
  • морско оревче
Начин на подготовка:

Скршете ги јајцата и разделете ги белките од жолчките. Матете ги белките додека станат пенести. Матете ги жолчките додека добијат посветла боја, а при тоа додавајте им ги постепено шеќерот во прав, циметот и каранфилчето. Потоа жолчките истурете ги во садот со белките.

Оваа смеса поделете ја во четири шолји за кафе. Во секоја од нив додајте по 20 мл бренди и 40 мл рум, а потоа додајте и кафе за да ја дополните чашата. Одозгора наросете малку морско оревче и сервирајте.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар