Кафе на иднината

Подгответе го утринското кафе со помош на вашиот ајфон или ајпад. Тоа ви го овозможува ултрамодерниот автомат за кафе „Top Brewer“ на компанијата „Scanomat“. Станува збор за врвна машина, компатибилна со овие гаџети. Се состои од елегантна чешма изработена од нерѓосувачки челик, дизајнирана на тој начин што може да биде вградена на секоја маса…

Сè што треба да направите е да избушите две мали дупки на масата, една за чешмата, а друга за да поставите одводна цевка, во која ќе се слева исцедокот. Уредот доаѓа со досега најмалиот додаток за правење пена.Кафе на иднинатаАпликацијата за гаџетите е достапна за преземање преку Apple iTunes Store. Преку неа, може да ги прилагодите количината и видот на кафето, во зависност од тоа дали на пример, сакате капучино или еспресо, мало или големо. Аликацијата исто така, ви овозможува и да му издавате команди на апаратот во текот на подготовката на кафето, а ја покажува и неговата температура.

Доколку немате ајфон или ајпад, а сте заинтересирани за машината, тогаш е добро да знаете дека вашиот омилен вкус може да го добиете и без овие гаџети. Командите за подготовка на кафето можете да ги изберете и преку екранот на допир, вграден во самиот апарат.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар