Кафе-крем со многу чоколадо

Вкусно и силно кафе, кое може да ви послужи и како десерт…

Кафе-крем со многу чоколадо

Потребни состојки за 6-7 дози:
  • 300 г чоколадо, ситно сечкано
  • 4 јајца
  • екстракт од ванила
  • топло црно кафе
  • шлаг
Начин на подготовка:

1. Во блендер ставете го кршеното чоколадо и јајцата.

2. Одозгора исипете две лажички екстракт од ванила.

Кафе-крем со многу чоколадо

3. Убаво изматете ги сите состојки на посилна брзина.

4. Одозгора сипете го топлото црно кафе. Изматете повторно со послаба брзина додека не добиете убава пенеста, хомогена смеса.

Кафе-крем со многу чоколадо

5. Сипете ја смесата во стаклени или керамички чаши и оставете доволно простор за нанесување шлаг.

Кафе-крем со многу чоколадо

6. Чашите оставете ги во фрижидер 3-4 часа, за смесата да се олади и затегне.

7. Одозгора ставете по неколку лажици шлаг.

Кафе-крем со многу чоколадо

8. Малку промешајте го шлагот со вкусната смеса од кафе и чоколадо.

Кафе-крем со многу чоколадо


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар