Кафе калуа

Кафе калуа

Богато кафе после вкусен ручек или деликатен десерт со интензивен вкус на кафе? Ова калуа-кафе може да биде и двете, а вие само треба да одберете.Кафе калуа

Потребни состојки за две калуа-кафиња:

  • 200 мл сварено еспресо кафе
  • 100 мл калуа (мексикански ликер со вкус на кафе)
  • едно пакетче шлаг, цврсто изматен
  • 100 г млечно чоколадо, растопено со малку млеко
  • стапчиња цимет за декорација

Подготовка: Прво, сварете го кафето, па изматете го шлагот. Земете ги вашите омилени шолји за млеко, кафе или какао. Најпрво, сипете по 100 мл кафе, па ставете по 50 мл калуа. Потоа, ставете го стопеното чоколадо, претходно поделено на два еднакви дела (за секоја шолја).Кафе калуаОд горе, ставете малку изматен шлаг и декорирајте со едно стапче цимет.Кафе калуа


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. цане Reply

    штета што викате шлаг, бидејќи реално се прави со ладно матено млеко, така се заштедува на калории

  2. Дефи Reply

    а каде да се најде таков ликер?

  3. Теодора Трповска Reply

    Дефи,
    Овој ликер го има во сите поголеми маркети и во специјализирани продавници за алкохол.

  4. Филип Reply

    Дали случајно знаете која е цената на ликерот ?

Напиши одговор на Филип Откажи одговор