Кафе и чиа: Има ли подобар начин да го започнете денот?

За сите љубители на кофеинот, ова е здрава дневна доза кафе

Кафе и чиа: Има ли подобар начин да го започнете денот?

Потребни состојки:
  • 150 милилитри бадемово млеко
  • 1 банана
  • 1 типична шолја оладено еспресо (прилагодете според вкус)
  • 20 грама чиа семки
  • 1 лажица екстракт од ванила
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки освен семките во блендер и добро изматете. Потоа сипете ја мешавината во чаша и додајте ги чиа семките. Оставете да отстои 10-тина минути, и повремено мешајте. За крај, додајте неколку коцки мраз и уживате во вашето здраво кафе!


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар