Ирско ледено кафе

Одлично кафе за во кој било дел од денот…Ирско ледено кафеПотребни состојки:

  • 40 мл свежо еспресо
  • 40 мл ликер од ирски крем
  • 6 коцки мраз
  • 70 мл ладно млеко
  • 2 топки сладолед од ванила
  • чоколаден прелив

Начин на подготовка: За ова кафе ќе ви биде потребен подолг временски период, за да го подготвите. Најпрво треба кафето и ликерот да ги измешате во некој мал сад и да ги оставите 4 часа да се оладат во фрижидер. Откако смесата убаво ќе се олади, во блендер или со миксер убаво измешајте ги млекото, смесата од кафето и ликерот, коцките мраз и сладоледот. Добиеното кафе сипете го во стаклена чаша, која претходно ќе ја прелиете со чоколаден прелив.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар