iCoffee – кафемат и печатач за пена во едно

iCoffee – кафемат и печатач за пена во едно

Секој од нас се расположува кога ќе седне во кафе-бар и келнерот ќе му донесе убаво кафенце со пена обликувана во срце или лист. Од што изгледа толку добро, жал ви е да го „расипете“ со првата голтка. Но, кај нас не секој бариста знае да црта на млечна пена,  па ова задоволство не ни се случува секојдневно. Отсега не ви е потребно да поседувате вештина за цртање по пената од кафето, туку само една модерна машина за кафе во вашата кујна. Технологијата се менува, а овој пат со неа се менува и начинот на доживување на искуството наречено пиење кафе.iCoffee – кафемат и печатач за пена во едноHuang Guanglei ја дизајнирал машината за кафе т.н. „iCoffee“, која може да се поврзе со вашиот смартфон, со помош на блутут уред, кој е вграден во самиот апарат. Користејќи ја блутут технологијата, вие можете да пренесувате слика од вашиот телефон, во шолјата кафе, во форма на млечна пена. „iCoffee“ има скриени одводи за кафе и млеко, т.е. матрица од иглички. Откако ќе ја прими испратената слика од мобилниот телефон, машината ја користи матрицата за да ја преслика во форма на млечната пена. Па, без разлика дали на сликата има напишано некој збор, мачето „хелоу кити“ или името на некој бренд, не треба да се грижите како ќе испадне, бидејќи овој кафемат може да ги произведе сите облици на млечна пена. iCoffee – кафемат и печатач за пена во едноОваа екстремно интересна машина за кафе на 21-от век, не е лимитирана само на обликот на млечната пена кој го создава. Таа истовремено има и еден прекрасен, минималистички дизајн со елегантни агли, кој ќе ù даде шарм и стил на секоја кујна.iCoffee – кафемат и печатач за пена во едноКој би помислил дека еден кафемат може да биде истовремено и печатач и дека ќе може да ја испечати на вашето кафе, сликата која вие ќе ја одберете?! Нејзиниот оперативен интерфејс вклучува копчиња за слика, време, количина и сл.iCoffee – кафемат и печатач за пена во едноАко сте поспани наутро, можете да се разведрите со млечна плена во облик на смешко, можете да му се извините на вашиот љубовен партнер доколку сте погрешиле или да му кажете колку го сакате преку шолјата кафе. Одеднаш и пријателите повеќе ќе ве дружат бидејќи ќе сакаат да пијат кафе исклучиво кај вас дома. Ќе се сложите со нас, дека многу нешта можат да се случат во текот на една кафе-пауза…
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. bace Reply

    kade moze da se kupi ovoj prekrasen iCoffee – kafemat ? blagodaram ,super ste :** :)))

Остави коментар