Француски коктел со кафе и коњак кој ќе ви ги разбуди сите сетила

Совршен за петочната ноќ

Француски коктел со кафе и коњак кој ќе ви ги разбуди сите сетила

Потребни состојки:
  • 150 милилитри свежо подготвено црно кафе
  • 30 милилитри коњак
  • 45 милилитри шлаг пена
  • 2, 3 коцки чоколадо, рендано
  • 1 лажичка шеќер
Начин на подготовка:

Сипете го кафето и коњакот во стаклена чаша и добро промешајте. Ставете 1 лажичка шеќер или засладете по вкус. За крај, нежно поставете ја шлаг пената на врвот и ако сте расположени за декорација, завршете со рендано чоколадо. Имајте убава вечер!


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар