Факти за кофеинот кои треба да ги знаете

Кофеинот за првпат бил изолиран во 1820 година, а денес се смета за „скриена дрога“ која може да се најде во многу популарни пијалаци и лекови. Факти за кофеинот кои треба да ги знаете

  • Хемискиот назив на кофеионт е 1,3,7-триметилксантин.
  • Кофеинот се создава по природен пат во дури 60 различни растенија меѓу кои спаѓаат и зрната кафе (најчестиот извор на кофеин), листовите чај, гуараната (изворот на кофеин во енергетските пијалаци) и оревите од видот Кола.
  • Кофеинот се добива со варење под притисок на зрната и листовите со помош на јаглерод диоксид. На тој начин се добива кофеин во форма на прашок.
  • Умереното количество на кофеин го зголемува нивото на допамин заради што се чувствуваме посреќни и ги блокира рецепторите за аденозин што ја намалува сонливоста.
  • Меѓу другото, кофеинот ја зголемува способноста за учење, разбирање, памтење, рефлексно реагирање и појасно размислување.
  • Кофеинот има исто влијание врз одредени делови од мозокот како и кокаинот, хероинот и амфетамините. Разликата е во тоа што ефектите на кофеинот се поблаги од ефектите на другите супстанци.
  • Но, кофеинот има и негативни ефекти. Тој предизвикува несоница затоа што стимулативниот ефект на кофеинот го одржува мозокот активен и ја блокира потребата за сон. Освен тоа, кофеинот делува како диуретик и поттикнува често уринирање што е уште една причина за несоница. Кофеинот, исто така, ја забрзува работата на дигестивниот систем и може да предизвика дијареја.
  • Атлетичарите имаат голема корист од кофеинот. Пет милиграми кофеин на еден килограм од телесната тежина ја зголемуваат издржливоста преку редуцирање на гликозата и го подобруваат согорувањето на мастите.
  • Ова е причината поради која Меѓународниот олимписки комитет ја забранил консумацијата на кофеин за време на натпреварите.
  • Се проценува дека секоја година се консумираат околу 12.000 тони кофеин и тоа најчесто преку кафето (54%) и чајот (43%), а остатокот од 3% отпаѓа на храна и пијалаци кои содржат кофеин.

Факти за кофеинот кои треба да ги знаете

  • Предозирањето со кофеин може да биде смртоносно. Смртоносното количество кофеин изнесува 150–200 милиграми кофеин на еден килограм телесна тежина. Тоа се 100 шолји кафе испиени во рок од 4 часа.
  • Во 2007 година, забележана е смрт заради предозираност со кофеин откако еден човек испил 30 таблети „No doz“ кои се направени на база на кофеин.
  • Кофеинот целосно се апсорбира во организмот за 30–45 минути, а неговото дејство трае околу 3 часа.
  • Потврдено е дека кофеинот предизвикува зависност. Апстиненцијата започнува после 12–24 часа, а трае 2–9 дена. Симптомите вклучуваат главоболка, замор, депресија, раздразливост и намалена енергија.
  • И безкофеинските производи содржат кофеин. Во Америка безкофеинскиот производ подразбира помалку од 2,5% кофеин во него.
  • За време на последните денови од Втората светска војна, Хитлер примал инјенции со гликоза и кофеин за да ја одржува енергијата.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар