Еспресо шотови (Espresso Shots)

Ова е одличен начин како да ги држите будни пријателите на вашата забава. Ем кафе – ем коктел. Овие еспресо шотови се вистинки хит.
Еспресо шотови (Espresso Shots)За 4 чашки потребни се:

  • 1/4 шолја сок од портокал
  • 1/8 шолја шеќер
  • 60 мл текила
  • 30 мл калуа
  • 30 мл ликер од портокал
  • 60 мл ладно еспресо
  • коцки мраз

Подготовка: Сокот од портокал и шеќерот ставете ги во две посебни чинивчиња. Чашките натопете ги прво во сокот, па потоа брцнете ги во шеќерот, како на сликата.Еспресо шотови (Espresso Shots) Во коктел шејкер ставете ги коцките мраз, кафето, ликерот, текилата и калуата. Убаво протресете. Течноста претурете ја во чашките.Еспресо шотови (Espresso Shots)

За авторот

Поврзани содржини

  1. Anomis Reply

    prevodov na naslovot vi e…kraj nemam zborovi =]]

Остави коментар