Домашен ликер од кафе

Љубителите на кафето знаат дека ликерот од кафе е еден неверојатен алкохолен пијалак кој ги буди сите сетила. Ако имате малку слободно време, кое сакате да го потрошите продуктивно, ги сакате и кафето и алкохолот, ова ќе биде одличен проект за вас. Ќе го направите еднаш, а ќе ви трае подолго време. Плус, на рецептите со ликер од кафе им нема крај…Домашен ликер од кафеПотребно е:

  • 800 мл вода
  • 400 г бел шеќер
  • 2 супени лажици и 2 лажички инстант кафе
  • 750 мл рум
  • 10 мл екстракт од ванила

Подготовка: Во тенџере ставете ги водата, шеќерот и кафето. На висока температура оставете да провријат сите состојки.Домашен ликер од кафеДомашен ликер од кафе Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се олади течноста 45 минути. Во оладената течност ставете ги румот и ванилата. Измешајте. Ликерот претурете го во стерилизирани шишиња. Убаво затворете ги капачињата и чувајте ги шишињата на темно место најмалку две недели пред да почнете да го употребувате.Домашен ликер од кафеКога ликерот ќе биде готов, еве неколку оригинални кафиња кои може да ги направите со него.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. me Reply

    може да ми објаснете како 2 супени лажици и 2 лажички инстант кафе, сварено или онака во зрна 😀

Остави коментар