Чоколадни еспресо колачиња

Меки и воздушести, овие чоколадни колачиња може дури и да ве расонат наутро, заради зрнцата еспресо кои ги содржат.Чоколадни еспресо колачињаПотребно е:

  • 450 г темно чоколадо со над 65% какао маса
  • 4 лажици омекнат путер
  • 265 г шеќер
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 60 г брашно
  • 4 јајца
  • половина лажиче прашок за пециво
  • 1 лажица еспресо
  • 200 г чоколадо, исечено на мали коцкички

Подготовка: Рерната загрејте ја на 180 Целзиусови степени. Темното чоколадо исечкајте го на парчиња и на пареа растопете го заедно со путерот. Во сад изматете ги јајцата со ванилата и шеќерот. Низ голема цедалка просејте ги брашното, еспресото и прашокот за пециво. Смесата од путер и чоколадо полека додавајте ја во смесата со јајца, мешајќи во исто време. Потоа, во таа смеса полека додавајте го брашното и мешајте додека да се формира тесто. На крај, ставете ги коцкичките чоколадо и измешајте ја целата смеса. Тестото ставете го во фрижидер да се стегне околу 1 час. Потоа, во тавче за печење обложено со хартија за печење, ставајте по една лажица од тестото, со доволно растојание од едно до друго колаче. Ставете да се пече во загреаната рерна околу 8-10 минути, додека колачињата да бидат цврсти однадвор, а меки и воздушести однатре. Чоколадни еспресо колачиња

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар