Чаши за кафе „Ctrl-Alt-Del“

Кога ќе ви се блокира компјутерот, трите копчиња на тастатурата се спасоносната комбинација. За жал, не можеме да ја примениме и кога ќе ни „прегрее“ мозокот. Во тој случај посегнуваме по кафето. Тоа одлично се справува со уморот и поспаноста, односно го активира „компјутерот“ во нашите глави.

Оваа симболика, некој веќе ја преточил во креативни чаши за кафе. Секоја од нив на дното има една од опциите Ctrl-Alt-Del. Изработени се од цврста пластика, која може да се мие и во машина за садови. Собираат по 230 мл течност, а еден комплет чини околу 10 американски долари. Погледнете ги, па ако ви се допаѓаат, нарачајте ги тука.Чаши за кафе „Ctrl-Alt-Del“Чаши за кафе „Ctrl-Alt-Del“Чаши за кафе „Ctrl-Alt-Del“Чаши за кафе „Ctrl-Alt-Del“Чаши за кафе „Ctrl-Alt-Del“


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар