Брз и едноставен колач за сите пригоди: Ролат од бисквити со кафе

Ова е колач којшто можете да го приготвите за секоја пригода, затоа што се подготвува брзо и едноставно.

Потребни состојки:
  • 250 грама мелени посни бисквити
  • 175 грама шеќер во прав
  • 200 грама чоколадо, изрендано
  • Свежо подготвено силно црно кафе
За филот:
  • 60 грама растителен маргарин
  • 75 грама шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
Начин на подготовка:

Додајте го ренданото чоколадо во мелените бисквити и шеќерот во прав. Измешајте ги состојките и додајте кафе по потреба. Поставете ја смесата на алуминиумска фолија и поделете ја на три дела, а секој дел направете го како тесто со дебелина од 4 до 5 милиметри. Секој од трите дела премачкајте го со тенок фил, ставете ги слоевите еден врз друг и замотајте ги во ролат, па оставете го да се олади.

Напомена: Можете секое ролатче да го замотате посебно, па двата да ги ставите еден до друг, а третиот над нив, на местото каде што се составуваат. Вака склопениот ролат, кога ќе се исече на парчиња, би изгледал како детелина со три листа.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар