Аудио кафе масичка

Уште од пронаоѓањето на првиот лаптоп, модерните кафе-масички започнаа да ги заменуваат старите бироа, како места на кое релаксацијата е во преден план. Бидејќи сите уреди како што се лаптопи, aјпади, мобилни и слично, мора да бидат жичено поврзани за добивање на помоќен звук, оваа масичка овозможува една додатна необична функционалност, а тоа е репродукција на стерео звук.
Аудио кафе масичкаМасичката со вграден звучен систем е наречена „Acoustable“ и е дизајнирана од Џероум Сприт и Волфганг Брегентзер. Таа има вграден „TEAC“ систем, кој овозможува репродукција на звук во опсег од 360 степени. Со приклучување на вашиот уред преку USB или безжична конекција на масичката, ќе добиете засилен звук, кој со сигурност ќе биде помоќен од оној кој може да го дадат вградените звучници на вашиот уред.
Аудио кафе масичкаИако стилскиот изглед и материјалите употребени за создавањето на масичката се со цел таа да биде поакустична, сепак мора да се признае дека и без нејзината специфична функција, перфектно би се вклопила во секој модерен дом.Аудио кафе масичкаАудио кафе масичкаАудио кафе масичкаАудио кафе масичка

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар