Апарат за кафе во вашиот автомобил

Апарат за кафе во вашиот автомобил

Се чувствувате ненаспано и мамурно додека возите? Не ризикувајте да заспиете на воланот бидејќи сега постои „Handpresso“. Овој компактен апарат за кафе можете да го носите со себе и да си приготвувате кафе кога и да посакате додека се возите со автомобилот.Апарат за кафе во вашиот автомобилКористењето на апаратот е многу едноставно. Само приклучете го кабелот во вградената запалка во вашата кола, додадете вода, поставете ја кесичката со еспресо на врвот, затворете го капачето и притиснете го копчето. Почекајте две минути и вашето еспресо ќе биде готово.Апарат за кафе во вашиот автомобилПроизводителите на „Handpresso“ препорачуваат да не го приготвувате кафето истовремено, додека возите. Најдобро е да скршнете од патот, така што би избегнале какво било изложување на опасност, а потоа и да се опуштите и да уживате во своето кафе.Апарат за кафе во вашиот автомобил



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар