9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знае

9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знае

За многумина, кафето е еликсир на животот и го претставува сечиј почеток на денот. Доколку и вие спаѓате во оваа група луѓе, тогаш прочитајте ги овие интересни факти за вашиот омилен пијалак без кој сме сигурни дека не можете да си го замислите вашиот живот.

9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знае

1. Ниеден енергетски пијалак нема толку кофеин како шолјата кафе

Некои од најјаките енергетски пијалаци содржат околу 150 милиграми кофеин, што е скоро дупло помалку од големите шолји јако кафе.

2. Лесно е да се стане зависен од кофеин

Ако секојдневно внесувате 150 милиграми кофеин во организмот, многу е возможно да станете зависни од него. Кога често уживате во кафето, а потоа одеднаш престанете да го консумирате, можете да искусите симптоми како недостаток на енергија, раздразливост и главоболки.

3. Кафето може многу брзо да ве разбуди

Доволни се само 10 минути за кофеинот да почне да делува во вашиот организам.

4. Зрната кафе воопшто не се зрна

Од технички аспект, зрната кафе се всушност плодови.

5. Првата веб камера е направена благодарение на кафето

Можеби ви звучи чудно, но во 1991 година на Универзитетот Кембриџ во Англија на луѓето им здодеало да шетаат лево-десно со цел да видат дали бокалот за кафе е полн или празен. Така, им дошла идеја и направиле веб камера која го снимала бокалот. Можеби треба да сме му благодарни на кафето за Скајп.

6. САД трошат најмногу кафе годишно

Американците консумираат премногу кафе. Истражувањата покажуваат дека тие пијат и до 400 милиони шолји кафе дневно. На годишно ниво тоа е 146 милијарди шолји кафе.

7. Кафето најдобро разбудува од 90:00 до 11:30 часот

Тоа е така затоа што хормонот кортизол, кој го претставува часовникот на нашиот организам, стапува во хемиска реакција со кофеинот. Ако го пиете кафето рано наутро кога нивото на кортизол е високо, може да дојде до спротивен ефект и од тоа ќе ви се пие уште повеќе кафе.

8. Јохан Себастијан Бах напишал цела кантата за девојката која била зависна од кафе

9. Зошто кафето има подобар мирис отколку вкус?

Научниците тврдат дека тоа е така поради тоа што имаме две сетила за мирис: мирисот кој го чувствуваме од околината и мирисот кој го чувствуваме кога кафето е во нашата усна празнина. Кафето има подобар мирис кога го мирисаме додека го пиеме, бидејќи кога ни е во устата нашите рецептори за вкус го уништуваат тој мирис.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар