7 корисни трикови кои секој вистински љубител на кафето треба да ги знае

7 корисни трикови кои секој вистински љубител на кафето треба да ги знае

Доколку не можете да го замислите почетокот на денот без кафето, тогаш овие интересни совети сигурно ќе ви бидат од голема помош. Во тој контекст, прочитајте ги 7-те трикови кои секој вистински љубител на црниот еликсир на животот треба да ги знае. Само неколку чекори ве делат од највкусното кафе што некогаш сте го пробале.

7 корисни трикови кои секој вистински љубител на кафето треба да ги знае

1. Пијте свежо мелено кафе. Свежо меленото кафе има посилен и подобар вкус и содржи поголем број антиоксиданси и флавоноиди од купечките мелени кафиња. Освен тоа, кафето во зрно има подолг рок на траење: Отвореното пакување може да трае и до 2 недели, додека меленото трае само недела дена.

2. Не чувајте го кафето на влажни места. Влагата е најголем непријател на квалитетното кафе, па затоа не треба да се чува на влажни места, како што е фрижидерот. Кафето исто така може да ги впие и околните мириси и така да ја уништи својата природна, автентична арома. Најдобро е да се чува во затворени садови, на ладно, суво и темно место.

3. Купувајте помали пакувања кафе. Кога е складирано на правилен начин, кафето не може да се расипе. Меѓутоа, како што поминува времето, тоа го губи својот вкус. Затоа е најдобро да се купуваат помали пакувања за секогаш да имате свежо и вкусно кафе.

4. Не загревајте го само кафето. Веројатно сте забележале дека во кафулињата шолјите стојат на апаратите за кафе. Тоа е така затоа што кафето кое се служи во загреани чаши има посилен вкус и побавно се лади.

5. Додајте го својот омилен зачин. Вкусот на кафето можете да го збогатите со омилениот зачин, како што е ванилата или циметот. Едноставно додајте малку арома во меленото кафе и уживајте во неодоливиот вкус.

6. Направете млечна пена. Не ви е потребен апарат за кафе за да направите вкусен пијалак со млечна пена. Ставете околу 175 милилитри млеко да се загрее додека не се појават меурчиња (околу 1 минута). Потоа млекото силно измешајте го или сматете го и ќе добиете млечна пена на врвот. Одделете ја пената од млекото и ставете ја во кафето.

7. Не истурајте го изладеното кафе. Можеби нема да го догреете, но изладеното кафе не мора да се фрла. Ставете го во сад за мраз, замрзнете го и со коцките збогатете го вкусот на ладните млечни пијалаци. Исто така, ладното кафе можете да го додадете во филовите за колачи, па дури и во маринадите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар