7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовремено - Part 2

7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовремено

4. Послужете праз и црви

7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовремено

Доколку сте имале партнер за Денот на вљубените и сте сакале да ви ја побара раката, или сте биле венчани, но сте сакале да ја зацврстите љубовта, во минатото имало решение и за тоа, но најверојатно нема да ви биде по вкус. Средновековните љубовни напивки содржеле обични состојки за коишто се мислело дека влијаат на телото, како што се лук, кромид и мирта. Но, еден еликсир од 16-ти век не е толку вкусен. Тој се состои од смеса од црви издробени во праз. И потоа требало да се изеде. Најверојатно нема да ја спасите врската ако му го послужите ова на партнерот за Денот на вљубените.

5. Напишете писмо на свила и чипка

7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовремено

Почетоците на честитките за Денот на вљубените се појавиле во Америка за време на Граѓанската војна. Војниците можеле да им пратат долги писма на нивните сакани кои имале додатоци од чипка што кога ќе се отвореле, откривале фотографии од љубовни парови. Сепак, Викторијанците го направиле популарен обичајот за праќање писма. За време на Денот на вљубените во продавниците се продавале посебни и декоративни хартии од сатен и чипка на кои можеле да се пишуваат љубовни писма. Сепак, луѓето требало да бидат многу внимателни да не го уништат нежниот материјал. Ако некогаш се жалите за светките и украсите кои се типични за современиот начин на прославување на Денот на вљубените, само сетете се на викторијанските љубовници.

6. Венчајте се со првиот човек кој ќе го видите на Денот на вљубените

7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовремено

Ова верување се спомнува во драмата „Сон на летната ноќ“ (Midsummer Night’s Dream) од Шекспир кога Титанија се буди и се вљубува во ткајачот со глава на магаре. Шекспир бил инспириран од народниот фолклор. Се верувало дека жените ќе се вљубат во првиот човек што ќе го видат на Денот на вљубените. Семјуел Пепис во неговиот дневник од 1662 година напишал дека жена му шетала наоколу со очите покриени за Денот на вљубените за да не погледне некој од работниците што им ја реновирале куќата.

7. Повикајте ги саканите со дафинови лисја и глина

7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовремено

Во минатото, ноќта пред Денот на вљубените, мажите земале 5 дафинови листови, 4 од нив закачувале на краевите од перницата, а 5-тиот го ставале на средина и се надевале дека ќе ја сонуваат жената со која ќе се венчаат. И жените и мажите од 18-ти век учествувале во една игра со глина. Тие ги пишувале имињата на нивните пријатели и потенцијални љубовници на листови хартија, ги завиткувале со глина, чекале да се стврднат и потоа ги фрлале топчињата во садови со вода. Она што прво ќе испливало на површина го содржело името на човекот со кого ќе го поминеле нивниот живот.

Мора да признаете дека на денешните традиции за Денот на вљубените им недостасува таа уникатност од минатото. Доколку и вие сакате да направите нешто посебно за вашиот партнер, можете да напишете долго љубовно писмо на свила, но ние би ви препорачале да го прескокнете еликсирот од црви.

Во продолжение, дознајте и каква е мрачната историја на Денот на вљубените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар