6-те најчудни средновековни болести - Part 2

6-те најчудни средновековни болести

4. Француската болест

6-те најчудни средновековни болести

Кој бил проблемот? За време на опсадата на Наполи во 1493 година, една чудна болест се раширила многу брзо од Французите на Италијанците, која предизвикувала рани на инфицираните места. Како што болеста напредувала, така се јавувале болни, зелени чиреви полни со гној по телата на заболените. На крајот, болеста влијаела на менталното здравје на пациентите и многу од нив полудувале. Поради тоа што Италијанците биле првите што се заразиле по француската инвазија, болеста станала позната како Француската болест. Многу брзо се раширила низ цела Европа, но за 50 години болеста и симптомите се намалиле.

Која била причината? Првата европска епидемија на сифилис се појавила со најлоши симптоми. Некои експерти претпоставуваат дека оваа сексуално пренослива болест потекнува од Американците, а во Европа стигнала преку шпанските морнари и оттаму почнала да се распространува. Па, како симптомите се ублажиле толку брзо? Причината е едноставна. Луѓето почнале да одбегнуваат контакт со сите поединци чие тело било покриено со ужасни чиреви и со оглед на тоа што не се допирале физички, болеста не можела да се пренесува. Како што минувало времето, се пренесувале само видовите сифилис со поблаги симптоми, бидејќи заболените не можеле да бидат препознаени толку лесно.

5. Танцувачката чума

6-те најчудни средновековни болести

Кој бил проблемот? 2-та најпознати случаи на танцувачка чума се документирани во Ахен во 1374 година и во Стразбур во 1518 година. Оваа чума од 14-ти век се пренела преку Германија во Франција, Холандија и Италија. Заразените луѓе неконтролирано танцувале. Чумата во Стразбур започнала со една жена по име госпоѓа Трофеа која танцувала по улиците. За 4 дена, повеќе од 33 луѓе ѝ се придружиле. До крајот на неделата, бројката пораснала на 400! Луѓето постојано танцувале со недели и умирале од срцеви удари, мозочни удари, дехидратација и исцрпеност.

Па, кој бил лекот според докторите од тоа време? Уште повеќе танцување! Градовите најмувале музичари и граделе сцени за да ги охрабрат болните да продолжат со танцување, што очигледно не помогнало. Некои веруваат дека Свети Јован Крстител ги „благословил“ со танцувачка чума. Токму затоа, многу здрави луѓе им се придружувале на болните, бидејќи сакале другите да мислат дека и тие биле допрени од светците.

Која била причината? Причината е непозната. Ежен Бекман верувал дека труењето со ергот било главната причина. Постојат одредени видови ерготизам кои предизвикуваат халуцинации и чудно однесување. Но, со оглед на тоа што ергот е габа што ја заразува ’ржта, тоа значи дела цела Европа би требало да биде зафатена од оваа чума, а не само одредени области. Поверојатно е дека причината е некоја заразна болест, а не габа.

Некои веруваат дека невролошката болест позната како танцот на Свети Вит била главната причина за оваа танцувачка манија. Таа била предизвикана од стрептококна бактерија и ѝ требало подолго време да се покаже, околу 6 месеци или повеќе. Но, понекогаш, брзите движења на лицето, рацете и стапалата се поврзувале со првите симптоми на болеста. Историчарот Џон Волер има уште почудна хипотеза. Тој верувал дека танцувачката чума биле предизвикана од „масовна психогена болест“ која се јавувала како последица од преголемиот стрес кај луѓето.

6. Спијачката болест на Кралот Хенри Шести на Англија

6-те најчудни средновековни болести

Кој бил проблемот? Во 1453 година, кога имал околу 30 години, англискиот крал Хенри Шести паднал во кататоничка состојба откако ненадејно се исплашил. Тоа траело година и пол, иако тој постојано влегувал и излегувал од оваа чудна ментална состојба до крајот на неговиот живот. Во текот на неговото прво „заспивање“, Хенри продолжувал да спие. Ниту најболните терапии не предизвикале реакција. Кога конечно излегол од неговата кататоничка состојба, тој бил многу дружељубив, религиозен и се однесувал како дете. Честопати не ги препознавал луѓето кои ги знаел со години. Поради неговата неспособност да владее со кралството, тој го изгубил тронот за време на познатата Војна на розите.

Која била причината? Причината е непозната. Ова е една од најголемите медицински мистерии во историјата. Некои веруваат дека Хенри страдал од кататоничка шизофренија, бидејќи покажувал знаци на параноја, илузии на возвишеност и халуцинации пред да „падне“ во состојба на спиење. Освен тоа, болеста на Хенри најверојатна била наследна. Неговиот дедо Чарлс Шести исто така страдал од привремено лудило. Чарлс еднаш убил четворица од неговите луѓе пред да биде соборен на земја. Потоа паднал во кома цели 2 дена. За разлика од Хенри, Чарлс страдал и од физички симптоми, како што се треска, ќелавење, кршење на ноктите и слично.

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте како било третирано психичкото здравје на жените во минатото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар