6 начини да го користите кафето во вашата секојдневна рутина за нега и убавина

6 начини да го користите кафето во вашата секојдневна рутина за нега и убавина

Автор: Катерина Каланоска

Спаѓате во групата луѓе на кои кофеинот им е првиот пријател кој им посакува добро утро? Или пак, сте од оние за кои кафето е заборавена тема? Мислите дека без кафе нема да ви се наполнат батериите за да поминете уште еден напорен ден? Или пак, зачудено гледате во кафехоличарите и се прашувате што има толку посебно во таа шолја со кафе која постојано им е на дофат? Но, дали некогаш, без разлика во која група спаѓате, сте се запрашале дали кафето може да ви биде помошник при чистење на подочниците или за релаксација на вашето тело?

6 начини да го користите кафето во вашата секојдневна рутина за нега и убавина

1. Чистење подочници со талог од кафе

Го знаете она чувство кога со полуотворени очи, штотуку разбудени, трчате до кујната по шолја кафе? И она чувство кога ќе го надминете расонувањето и ќе ви се појави нов проблем – огромните подочници? Доколку секое утро страдате од премногу темни кругови околу очите, тогаш талогот од црното кафе може да ви помогне лесно да се ослободите од нив. Откако ќе го испиете утринското кафе, одделете го талогот од шолјата и ставете го под очите. Убаво протријте со прстите, а потоа измијте се со ладна вода.

Талогот кој останува од една лажичка црно кафе и една шолја вода, е сосема доволна мера со која успешно ќе ги отстраните подочниците од двете очи.

2. Пилинг од кафе против целулит и стрии

Меѓу народот е познато дека кафето се користи како отстранувач на целулитот и стриите. Доволно е да ставите само малку талог на местата на кои имате видлив целулит.

Но, некои странски кафехоличарки, истражувајќи различни начини за примена на кафето, преку импровизација, создале пилинг кој во некои делови од светот се смета за број 1 борец против целулит и стрии. Тој е толку ефикасен што дури и голем број козметички салони почнале да го користат. Тајната се крие во фактот што е лесен за подготовка, но и поради тоа што можете самите да го направите во домашни услови.

Потребни состојки:
  • 120 грама мелено кафе
  • 60 милилитри кокосово масло
  • 2 кафени лажички бел или кафеав шеќер (можете и по една од двата)
  • Прстофат прашок кој содржи витамин Е
  • 1 кафена лажичка ванила
Начин на подготовка:

Најпрво, измешајте го убаво меленото кафе со шеќерот. Потоа во смесата додајте ги кокосовото масло, витаминот Е и ванилата. Мешајте сè додека состојките не се соединат. Смесата чувајте ја во сад со капак.

3. Сапун од кафе за релаксација на телото

Сакате мека и сјајна кожа, а не знаете кој сапун да го изберете? Ова е проблем со кој се соочува скоро секој. Ние имаме одлично решение за вас. Потребни ви се само неколку состојки (кои сигурно веќе ги имате во вашиот дом) за да го направите прочуениот сапун од кафе кој е одличен за релаксација на целото тело и потполна нутриција на кожата? Своето анти-инфламаторно дејство, кафето му го предава и на овој сапун со што тој станува одличен препарат кој се користи против брчки.

Потребни состојки:
  • 620 милилитри маслиново масло
  • 255 грама макадамија ореви
  • 170 милилитри јојоба масло
  • 80 милилитри рицинусово масло
  • 350 милилитри кокосово масло
  • 250 милилитри палмино масло
  • 560 милилитри силно кафе, оладено на собна температура
  • 230 грама луга (прашок кој го здрвува сапунот)
Начин на подготовка:

Во сад на оган, ставете еден литар вода да зоврие, а потоа, едно по едно, додајте ги сите масла и промешајте. По неколку минути, ставете го оладеното кафе и повторно убаво промешајте. Постепено, без да престанете да мешате, додајте ја и лугата. Откако ќе се соединат сите состојки, сипете ги во правоаголен калап и оставете ги 12 часа за да се здрват.

Напомена:

Сапунот е готов тогаш кога бојата ќе стане посветла. Исто така, наместо луга можете да употребите сода бикарбона.

6 начини да го користите кафето во вашата секојдневна рутина за нега и убавина

4. Црно кафе за отстранување на токсините од телото

Досега зборувавме за негување на надворешниот, односно видливиот дел од кожата. Но, зошто да не дознаеме начини како, со помош на кафето, можеме да ги исчистиме и штетните токсини од телото?

Постои еден брз и едноставен начин. Наместо да пиете неколку малку шолји кафе во текот на денот, потрудете се да пиете по една голема после секој главен оброк. Многу експерти откриле дека кофеинот ги разградува штетните материи од телото и помага при нивното потполно отстранување.

5. Маска од кафе која им вели „НЕ“ на брчките

Во поново време, сè поголема е потрагата по природни шминки и козметики за кои се верува дека помалку влијаат врз појавата на брчките и помагаат при отворање на порите на лицето. Но, зошто да трагате по природни козметики, кога можете да направите домашна маска за лице која со сигурност би ви помогнала во борбата против брчките?

Потребни состојки:
  • 2 кафени лажички мелено кафе
  • 2 кафени лажички какао
  • 3 кафени лажички полномасно млеко
  • 1 кафена лажичка мед
Начин на подготовка:

Убаво измешајте ги сите состојки и ставете ги на лицето. Оставете ја маската да отстои петнаесетина минути, а потоа измијте го лицето со жешка вода.

6. Пенлива вода со кафе за опуштање на стапалата

Стапалата се најстабилниот дел од телото. Секое физичко движење е проследено со поместување на стапалата што придонесува за најголем замор во тој дел од телото. Многу ортопеди и физиотерапевти сугерираат стапалата да добиваат барем 15-тина минути од денот каде ќе ги опуштите и максимално одморите. Пенливата вода од кафе е начин кој во поново време сè повеќе и повеќе се употребува за оваа цел.

Доколку ставите една шолја врело кафе во леген со млака вода и ги оставите стапалата да накиснат 15-тина минути, состојките во кафето ќе го намалат отокот, ќе ја омекнат кожата и ќе им понудат природна „масажа“ на вашите стапала.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар