6 едноставни начини да го надградите вашето секојдневно кафе

Не постои ништо поубаво од топло кафе за време на студено есенско утро. Но, некои луѓе пијат по неколку кафиња дневно, па токму оваа навика може да доведе до намалување на уживањето во вкусот. Имајќи го тоа на ум, погледнете ги следниве лесни начини како да го надградите вашето кафе и да уживате во секоја голтка со нов вкус.

Додајте сол за да ја скриете горчливоста

(1) 6 едноставни начини да го надградите вашето секојдневно кафе

Можеби ви звучи лудо, но натриумот се поврзува со вашите рецептори за вкус што го детектираат горчливото и го бришат негативното влијание.

Ставете цимет во филтерот пред да додадете кафе

(2) 6 едноставни начини да го надградите вашето секојдневно кафе

На овој начин ќе ги избегнете оние здодевните грутчиња што се создаваат од циметот и ќе добиете инстант миризба што ќе се прошири низ целата ваша кујна.

Користете чоколадно млеко наместо обично

(3) 6 едноставни начини да го надградите вашето секојдневно кафе

Спонтано мока лате? Да, ова откритие може да ви го промени животот!

Направете си пена од млеко

(4) 6 едноставни начини да го надградите вашето секојдневно кафе

Не ви е потребна којзнае каква технологија за да направите пена од млеко. Сè што треба да направите е да сипете млеко во мал сад со капак, добро да го промешате, а потоа да го ставите на 30 секунди во микробранова. Повелете и друг пат.

Мешајте го инстант кафето со ладна вода

(5) 6 едноставни начини да го надградите вашето секојдневно кафе

Без разлика дали планирате да пиете ладно или топло инстант кафе, основата измешајте ја со ладна вода. На овој начин кафето подобро и подеднакво ќе се разложи и нема да го чувствувате вкусот на прашокот.

Млечно чоколадни ледени коцки за вашето кафе

(6) 6 едноставни начини да го надградите вашето секојдневно кафе

Исто како десерт, но со кофеин. Направете ги ледените коцки така што ќе сипете млеко и изрендате чоколадо во калапите. Уживајте!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар