3 рецепти за смуди од кафе поради кои ќе го засакате утрото

3 рецепти за смуди од кафе поради кои ќе го засакате утрото

Овие освежителни оброци во чаша имаат моќ да ви ја дадат потребната енергија за почеток на денот. Тие исто така се и исполнети со витамини и хранливи материи, па токму затоа и ќе ви помогнат при одржување на вашето здравје. Погледнете ги следниве 3 рецепти за смуди од кафе кои ќе ве натераат да го засакате утрото…

Смуди од банана и кафе

(1) 3 рецепти за смуди од кафе поради кои ќе го засакате утрото

Потребни состојки за 1 личност:
  • 100 милилитри млеко
  • 2 лажици овесни снегулки
  • 1 лажичка мед
  • 100 милилитри ладно кафе
  • 1 смрзната банана
  • Прстофат цимет во прав
  • Неколку ледени коцки
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте сè додека не добиете глатка течност. Во напитокот се наоѓаат 220 калории, 7 грама протеини, 45 грама јаглехидрати, 4 грама хранливи влакна и 25 грама шеќери.

Смуди и вишни и кафе

(2) 3 рецепти за смуди од кафе поради кои ќе го засакате утрото

Потребни состојки за 1 личност:
  1. 150 грама смрзнати вишни
  2. 175 грама бадемово млеко
  3. 120 милилитри ладно кафе
  4. 1/2 лажица екстракт од ванила
Начин на подготовка:

Мешајте ги сите состојки во блендер сè додека не добиете глатка смеса. Во оваа напивка се наоѓаат 120 калории, 2 грама протеини, 23 грама јаглехидрати, 3 грама хранливи влакна и 19 грама шеќери.

Смуди од ореви, цимет и кафе

(3) 3 рецепти за смуди од кафе поради кои ќе го засакате утрото

Потребни состојки за 1 личност:
  • 300 грама лажици суво грозје
  • 250 грама ореви
  • 160 милилитри млеко
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 100 милилитри грчки јогурт
  • 1 смрзната банана
  • 100 милилитри кафе, смрзнато во ледени коцки
Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки во блендер и вклучете го. Оставете го да ги мати сè додека не добиете густ пијалак. Во оваа напивка има 410 калории, 18 грама протеини, 59 грама јаглехидрати, 6 грама хранливи влакна и 40 грама шеќери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар