3 брзи рецепти за совршено ледено кафе

Се сеќавате ли на она чувство кога ви изгледа скоро невозможно да се разбудите рано наутро, но откако ќе го мириснете вкусното кафе, вие во истиот момент да се расоните? Лесно е да се заљубите во вкусот на овој животен еликсир, па токму затоа погледнете ги следниве неколку едноставни рецепти за најтоплите летни денови…

Ледено кафе со кокос

(1) 3 брзи рецепти за совршено ледено кафе

Овој едноставен и здрав рецепт се подготвува за само 2 минути. Сè што ви е потребно е кафе и кокосова вода. Помешајте 230 милилитри кокосова вода со една лажичка (две, ако сакате посилен вкус) кафе, добро промешајте, па додајте лед и по желба шлаг пена.

Чоколадно ледено кафе

(2) 3 брзи рецепти за совршено ледено кафе

Ако не можете да одолеете на вкусот на чоколадо, тогаш постои еден навистина одличен трик за вашето кафе. Додајте чоколадно млеко во сад за лед, замрзнете го и потоа ставете ги овие ледени чоколадни коцки во вашето кафе.

Ванила наместо лед

(3) 3 брзи рецепти за совршено ледено кафе

Уште еден одличен рецепт доаѓа во облик на ванила во вашето ледено кафе. Сè што ви е потребно се 230 милилитри силно кафе, 60 милилитри кокосово млеко, 1 лажица мед, 1/8 лажица цимет, екстракт од ванила и лед. Во една чаша ставете многу лед, а потоа додадете ги и останатите состојки и добро промешајте.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар