15 интересни факти за кафето

Сподели

Автор: Маја Владимирова

Историјата на кафето е една долга интересна приказна која содржи многу повеќе од 15 факти. Но, не сакаме да бидеме досадни и да ве пренатрупаме со куп информации, па затоа уживајте во она што го издвоивме за денес.

1. Сè започнува со легендата за разиграните кози… Етиописките овчари први го забележале ефектот од кофеинот, кога ги виделе своите кози како стануваат живи и разиграни после јадењето бобинки од кафените дрвја.15 интересни факти за кафето2. Оригинално, кафето се јадело. Африканските племиња ги мешале зрната кафе со масло и притоа добивале енергетски топчиња, кои можат да се јадат.

3. Развојот на Исламот го потпомогнал ширењето на кафето. Религијата го забранувала пиењето алкохол, но кафето се сметало за прифатлив пијалак.

4. Зарем пиењето кафе некогаш било забрането? Во 1675 г. англискиот крал ги забранил кафулињата, тврдејќи дека се места каде луѓето се собираат за да прават заговори против него.15 интересни факти за кафето5. 70% од светот го конзумира кафето Арабика, кое е благо и ароматично. Останатите 30% го консумираат кафето Робуста кое има погорчлив вкус и 50% повеќе кофеин од кафето Арабика.

6. Целото кафе во светот се произведува во областа помеѓу северниот и јужниот повратник позната како „Појас на кафето“ (Bean Belt). Хаваи е единствената држава во САД во која се одгледува кафе.

7. Кафето расте на дрвја. Дрвата со кафе можат да пораснат и до 9 метри , но тие се култивирани да бидат високи околу 3 метри, за полесно берење на зрната.15 интересни факти за кафето8. Зрното на кафето е всушност семе сместено во сјајна, црвена бобинка.15 интересни факти за кафето9. Кафето е втора по ред стока со која најмногу се тргува. На прво место е нафтата.

10. Кафените бобинки се собираат, сушат и чистат сè додека не се дојде до зеленото зрно. После обработката, зрната се печат на 260°С. По неколку минути зрното ќе напукне и ќе се зголеми два пати. Неколку минути после тоа, зрното повторно ќе напукне. Второто напукнување на зрното, веќе значи дека е готово. После ова зрното е веќе подготвено за употреба.15 интересни факти за кафето11. Џорџ Вашингтон го измислил инстант кафето? Тој вели: Не е точно! Всушност, белгиец кој живее во Гватемала со име Џорџ Вашингтон го измислил инстант кафето во 1906 година.

12. Еспресото не претставува некаков посебен вид зрно или поинаков процес на печење, туку станува збор за начинот на кој тоа се подготвува: се пушта топла вода под притисок, да протече низ фино одгледаното кафе.

13. Терминот „Американо“ потекнува од Американските борци за време на Втората светска војна. Тие го пиеле еспресото разредено со вода, за да го намалат неговиот силен вкус.15 интересни факти за кафето14. Терминот „cup of joe“ исто така доаѓа од Американските војници во Втората светска војна, за кои се смета дека биле големи конзумирачи на кафе.

15. Како кофеинот влијае врз вас? Во вашиот мозок има нешто што се нарекува аденозин и тој сака да комуницира само со одредени рецептори. Кога аденозинот и рецепторите ќе се спојат, тогаш вие станувате поспани. Кога ќе се појави кофеинот, тој го окупира рецепторот, така што аденозинот останува надвор од игра. Дополнително кофеинот го зголемува нивото на допамин. Резултат: вие станувате енергични бидејќи сте под дејство на кофеин.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар