11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети

11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети

Кога го сакаш кафето едноставно ти се вљубен во таа магична напивка. Љубителите на кафето имаат одредени локали во нивниот град каде се редовни посетители, токму поради тоа што знаат каде ќе пијат кафе по нивна мерка.

11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети

Кога патувате негде не може да дочекате да го вкусите локалното кафе и да дадете ваша оценка. Но, што ако целиот град е познат по доброто кафе? Па, таа дестинација би можела да биде вашиот рај на земјата. Доколку се мислите каде да отпатувате а сте страсни љубители на кафето, ова се 11 најпознати градови на кафето ширум светот.

1. Рим, Италија

Италија е позната по доброто кафе и храна но и по љубовта кон кафето. Рим е преплавен со кафулиња кои го одржуваат пулсот на градот давајќи му енергија за движење. Оние кои имаат бизнис кој е на каков било начин поврзан со кафето, навистина си ја сфаќаат работата сериозно, така што може да бидете сигурни дека ќе пиете квалитетно и јако кафе. Италијанците, барем како што се шират муабети за нив, не се љубители на многу засладено кафе, па ако сакате оригинално кафе без вкусови кои само ја одземаат вистинската моќ што една шолја црно кафе ја поседува, одете во Рим.

11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети

Најпознати кафулиња: Caffè Greco, Rosati, Ciampini

2. Хавана, Куба

Она што Куба може да ви го понуди е широк избор на јако но слатко кафе. Најчесто се порачува популарното еспресо, кое таму го добивате ако порачате Cafè Cubano (еспресо подготвено со шеќер), или cortadito (еспресо со млеко). Кубанското кафе е вкус на кој треба да се навикнете, но оние кои го пијат велат дека многу лесно ќе го засакате.

11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети

Најпознати кафулиња: Café Bohemia, Café Escorial, La Chucheria

3. Рејкјавик, Исланд

Во главниот град на Исланд не се натпреваруваат големите компании и звучни производители на кафе од познатите синџири на кафулиња ширум светот. Локалните кафулиња на многу оригинален начин се борат да ги придобијат клиентите. Со цел да привлечат клиенти, кафулињата во Рејкјавик нудат високо квалитетно кафе.

11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети

Најпознати кафулиња: Stofan Café, Café Paris, Café Babalú

4. Виена, Австрија

Кога станува збор за кафе, Австријците не се шегуваат. Кафето во Виена беше прогласено за нематеријално наследство заштитено со УНЕСКО во 2011. Кафето во Виена е гордост, а особено се обрнува внимание на ентериерот во виенските кафулиња, атмосферата и декорациите кои како да ве водат во сосема нов свет. Во Виена еспресото и капучиното се навистина популарни, како и локалното кафе Wiener Melange (еспресо послужено во голема шолја, на кое се додава жешко млеко а одозгора млечна пена).

11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети

Најпознати кафулиња: Cafe Neko, Cafe Korb, Café Weimar

5. Сиетл, Вашингтон, САД

Ви Сиетл ќе најдете секакви кафулиња, од модерни и урбани до артистички, како и варијации меѓу двата стила. Тамошните жители задолжително имаат мислење за тоа кој прави најдобро кафе, најмногу поради тоа што, во очите на јавноста, Сиетл се асоцира со кафето.

9-11-gradovi-shirum-svetot-shto-sekoj-ljubitel-na-kafe-treba-da-gi-poseti-www.kafepauza.mk_

Најпознати кафулиња: Caffè Vita, Victrola Coffee, Tin Umbrella Coffee

6. Мелбурн, Австралија

Во Мелбурн на кафето му се посветува толку многу внимание што годишно се организира изложба, односно дегустација на кафе, а забелешките и пофалбите може да се прочитаат во пишаните препораки и критики. Мелбурн е уникатен поради тоа што градот е поделен на повеќе делови, секој со посебна и различна традиција кога станува збор за кафето. Во Мелбурн препорачливо е да порачате лате, или други видови кафе со млеко.

11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети 11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети

Најпознати кафулиња: Pillar of Salt, Stassi Café, Captains of Industry

7. Истанбул, Турција

Сите го знаеме методот на подготовка на турското кафе кое е дел од секојдневието на многумина од нас. Но, ако го преферирате турското кафе тогаш посетата на Истанбул е она што задолжително треба да го направите. Ќе доживеете едно сосем ново и егзотично искуство со веќе познатото турско кафе.

11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети

Најпознати кафулиња: Mandabatmaz, Velvet Cafe, KronotRop

8. Адис Абеба, Етиопија

Како место каде кафето е откриено и како еден од најголемите произведувачи на кафе во светот, не е чудно што кафето е дел од етиопската култура. Доколку имате роднини или пријатели таму, најверојатно ќе бидете поканети на посебна церемонија на печење на зрната кафе и приготвување на кафето, за потоа заедно да уживате во пијалакот. Имајте на ум дека оваа церемонија е многу важна, покажете почит и испијте макар три шолји кафе!

11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети

Најпознати кафулиња: Tomoca Coffee, Mokarar (Harar) Coffee, Alem Bunna

9. Ванкувер, Канада

Ако барате уживање во вистинска урбана дестинација за кафе, посетете го Ванкувер, препознатлив по доброто кафе и умешните шанкери. Колд бру и апаратот Кловер, се два најпознати начини на подготовка на кафето, а тамошните жители најмногу преферираат американо и еспресо кафиња. Она по што кафето е препознатливо се одличните цртежи на пената во шолјата со кафе.

11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети

Најпознати кафулиња: Bel Cafe, Caffe Artigiano, JJ Bean Cofee Roasters

10. Портланд, Орегон, САД

Доколку сакате удобни, откачени, хипи кафулиња, Портланд е вистинското место за вас. Не дека нема софистицирани места, но голема е веројатноста да наидете на удобни места со опуштена и пријатна атмосфера за вистинско уживање.

11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети

Најпознати кафулиња: Spella Caffee, Barista, Courier Coffee

11. Тајпеј, Тајван

Тајванците преферираат варено кафе наспроти еспресо, иако еспресо може да добиете во познатите синџири на кафетерии. Очекувајте зрната кафе во Тајпеј и во другите делови на Тајван да бидат свежо испечени и измелени, и приготвени на ниска температура со цел да се зачува оригиналниот вкус на кафето. Сепак, цените може да бидат високи, па можеби е попаметно да посетите малечки и не толку познати кафетерии.

11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети 11 градови ширум светот што секој љубител на кафе треба да ги посети

Најпознати кафулиња: Melange Cafe, Barbie Cafe, Paper Plane Cafe


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар