10 факти за кофеинот кои ќе ве изненадат

Го конзумираме најчесто преку кафето и чајот, ни треба за да се расониме, за да добиеме енергија или едноставно за полесно да се социјализираме. Сепак, некои факти за кофеинот не се толку познати и може да ве изненадат.

10 факти за кофеинот кои ќе ве изненадат

1. Светло печеното кафе има повеќе кофеин од темното.

2. Кофеинот почнува да делува 15-20 минути по конзумирањето. Ефектите може да се чувствуваат 8-14 часа, зависно од личноста.

3. 1 шолја кафе + 15 минути дремка (не повеќе!) = рестартирање на мозокот

4. 60 различни растенија во себе имаат кофеин. Кафето и чајот не се единствени извори.

5. 10-20 грама кофеин се сметаат за смртна доза. Тоа е еднакво на 17,75 литри кафе.

6. Кафето во различни кафулиња и ресторани, во зависност од видот, може да има многу различни количини на кофеин. На пример, кафето што се служи во Мекдоналдс има 9,1 мг кофеин, а она во Старбакс 20,6 мг.

7. Бескофеинското кафе не е без кофеин. И ова кафе има од 8,6 до 13,9 мг кофеин во себе. Но, обичното кафе содржи од 95-200 милиграми.

8. Во кафето има повеќе кофеин отколку во енергетските пијалаци. За споредба, ако во една шолја со 240 милилитри варено кафе има 95-200 милиграми кофеин, во енергетскиот пијалак Ред Бул има од 250 мл има само 76-80 милиграми.

9. Хемиското име на кофеинот е 1,3,7-триметилксантин.

10. 90% од луѓето во светот користат кофеин во некоја форма.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар