Гратис-влезници за латино вечер во клуб Хавана, петок 13

Во петок, 13 мај 2011, во скопскиот клуб Хавана просперитетниот урбан бенд ConTruDj за првпат настапува во Скопјебендот кој ги распали речиси сите градови во републикава и од ден на ден е повеќе баран не само во Македонија, туку и во неколку држави од Балканот.

Уникатноста на овој музички состав во интерпретација на Зоки – Конга, Дадони – Труба и Диџеј Микар е во тоа што нивните настапи се повеќе од енергични, проследени со одлично селектирана латино, џипси и хаус музика и сето тоа во придружба на конга и труба во живо.

ConTruDj во Македонија постојат повеќе од пет години и имаат направено стотици журки, каде посетителите до ден денес евоцираат спомени од одличната и енергичната интерпретација на бендот.

Оставете коментар со вашето име и презиме. Најбрзите 50 ќе добијат гратис-влезници 1+5. Потврдете го вашето учество на Фејсбук.