Голф 7 е „Светски автомобил на годината“ за 2013 | Кафе пауза

Волфзбург, 28 март 2013 – Новиот Голф 7 продолжува со победите: вчера, меѓународното експертско жири го именуваше бестселерот од Волфсбург за „Светски автомобил на годината“ за 2013. Веднаш по наградата со која се закити на Меѓународниот саем за автомобили во Њујорк, оваа титула „Светски автомобил на годината“, претставува уште едно камче во мозаикот на освоени награди за Голф.Голф 7 е „Светски автомобил на годината“ за 2013

  • Најпродаваниот европски автомобил постигна глобален успех
  • 4 титули за 5 години: повторно модел на Фолксваген е прогласен за најдобро возило во светски рамки

Проф. Д-р Мартин Винтеркорн – претседател на Одборот на Директори во Volkswagen AG, објасни:

„Сите ние во Фолксваген сме одушевени од именувањето на Голф 7 за „Светски автомобил на годината. Освојувањето на оваа награда уште еднаш покажува дека Голфот е и ќе остане класа за себе во светски рамки. Ова возило поставува нови стандарди со секое свое појавување, одново и одново, особено во поглед на ефикасноста и параметрите за грижа кон околината. Наскоро, Голф ќе биде претставен и со хибридно напојување како 100% електрично возило.“

Голфот е константен елемент на сцената на моторни возила во светски рамки повеќе од 30 години. За седмата генерација на ова возило ова е 17-та по ред награда од неговото претставување во ноември 2012 година. При образложувањето на причините за одбирање на ова возило, жирито изјави:

„Голфот ги има вистинските димензии – простран е, практичен и удобен. Поседува свеж прогресивен дизајн, широка палета агрегати надополнети со импресивна листа на опрема и безбедносни системи. Доколку одбираме возило за секого, тоа е Голфот.“

Пред само три недели компактот од Волфсбург беше крунисан за Европски автомобил на годината. Потоа следеа бројни домашни и светски награди како Најдобро возило за 2013 (The Best Cars of 2013),

Авто трофеј 2012 (Auto Trophy 2012) и наградата од Топ Гир (Top Gear) насловена како: Сè што би ви било потребно од возило (All the car you’ll ever need) која ја заокружи листата успеси.

Жирито на изборот „Светски автомобил на годината“ се состои од 66 автомобилски новинари од 23 земји, кои ги оценуваат возилата кои се појавуваат на светската сцена не само за овој избор туку и во нивното секојдневно работење, известувајќи ги милионите свои читатели, возачи и автомобилски ентузијасти.

Фолксваген е одамна силен натпреварувач во овој избор: Голф 5 на пример во 2009 година ја освои истата титула. Во 2012 година пак престижната награда отиде кај најмалиот модел од гамата Фолксваген – up! Во 2010 година Фолксваген победи на изборот „Светски автомобил на годината” со моделот Поло кој беше крунисан како севкупен победник, а Blue Motion изведбите на Поло, Голф и Пасат ја добија титулата „Светски зелен автомобил на годината”.

Во наредните неколку месеци, на гамата Голф ќе бидат додадени изведбите GTI и GTD. Двете поспортски изведби ќе бидат промовирани оваа пролет. Од средината на април, купувачите ќе можат да го нарачаат пространиот и динамичен Голф во караванска изведба, додека пак во втората половина од годината следува новиот Голф TDI Bluemotion кој поставува нови стандарди во поглед на потрошувачка и емисии на издувни гасови: само 3,2 l/100km и CO2 од 85 g/km што се импресивни бројки за компактната класа.