Го сакам Њујорк | Кафе пауза

Го сакам Њујорк

sakamknigi.mk ви подарува еден примерок

Го сакам Њујорк е првата книга од I heart… или на македонски Го сакам… трилогијата на младата и екстра духовита Линдзи Келк. Велат дека во сите книги или филмови кои имаат свои продолженија, вторите и третите делови се само бледа копија на она што било оригинално и одлично во првиот дел, но овој случај е дефинитивно чесен исклучок. Првата книга ја следат двете продолженија Го сакам Холивуд и Го сакам Париз и секоја следна книга е уште подобра од претходната според мислењето на илјадници девојки ширум светот кои своите оцени ги даваат на светските портали за книги.

Приказната почнува во Англија со свадбата на најдобрата пријателка на Анџела. Токму таму, на тој среќен ден, во таа убава атмосфера, додека Анџела сонува како нејзината свадба ќе биде следна – таа го наоѓа нејзиното момче на задното седиште од нивниот заеднички автомобил, разголен врз телото на некоја евтина девојка. Колата со која требаше нивните деца да ги носат на училиште… За да биде повредата и навредата уште поголема, таа дознава дека речиси сите нејзини пријатели знаеле за тоа и неа никој ништо не ѝ кажал.

Со скршени соништа и разочарување од сите страни, Енџи сфаќа дека не може повеќе ни секунда да остане околу лицемерните пријатели и нејзиното ѓубре од момче. Но каде да оди една девојка со скршено срце?

ЊУЈОРК! Се разбира! Градот во кои сите соништа стануваат реалност. И првото место кое ѝ паѓа на памет каде луѓето зборуваат англиски.

Дозволете ѝ на Анџела да во однесе во Њујорк со себе, да ви покаже како се стекнува пријател во Њујорк, како се пронаоѓа нова љубов… или две. Ќе ги прелетате страниците на оваа духовита романтична комедија за една ноќ, а потоа ќе барате уште! И секако ќе има уште… затоа што за неколку дена излегува продолжението од приказната!

Она што е особено уникатно кај оваа книга, она што ниту една друга македонска книга до сега го немала е посветата од авторката која книгата ја носи на својата прва страна. Рачно напишана посвета за македонските читатели.

Сите оние кои воведот во оваа Го сакам Њујоркприказна ги заинтересира можат да си ја купат книгата во повеќе книжарници или да ја нарачаат на мејл contact@sakamknigi.mk и имаат бесплатна испорака до дома.

Напишете краток коментар зошто вие го сакате вашиот град. Оној чиј коментар ќе добие најмногу лајкови е добитник на еден примерок од книгата. Побрзајте!

*Подарокот може да се подигне секој работен ден, од 10 до 19 часот во Spaiva на ул. Водњанска (веднаш под Галија).