Го прошируваме тимот | Кафе пауза

 
 
Кафе пауза има потреба од автор/и и веб-програмер.

1. Автор

  • Огласот е завршен


    Потребни квалификации:
    • Добро изразување и одлично познавање на македонскиот литературен јазик
    • Одлично познавање на англиски и српски јазик
    • Способност за креативно изразување, превод и пишување авторски текстови
    • Широк спектар на интереси за покривање теми од повеќето категории и поткатегории на Кафе пауза
    • Познавање на некоја алатка за обработка на фотографии, на пр. Фотошоп (предност)
    • Искуство во уредување содржини на веб (предност)
    • Вештини за одржување на социјални мрежи (предност)
    • Фиксни слободни часови за работа на дневно и на неделно ниво
    • Исполнителност, посветеност, одговорност и најважно – ЖЕЛБА ЗА ПИШУВАЊЕ!

    Вашето CV, заедно со мотивационо писмо (кажете ни што знаете и можете и зошто би сакале да бидете дел од нашиот тим) и линкови или прилози од 3 ваши објавени текстови (доколку имате) испратете ни ги на admin@kafepauza.mk најдоцна до 3 мај 2015.

    Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат условите.

2. Веб-програмер

Потребни квалификации:
  • Познавање на HTML5 + JS
  • Познавање на PHP (искуство со WordPress ќе се смета за предност)
  • Работа со MySQL
  • Работа со хостинг и имејл сервери
  • Познавање на англиски јазик
  • Способност за самостојна работа
  • Снаодливост, проникливост, амбициозност

Сите заинтересирани кандидати може да го испратат своето CV на admin@kafepauza.mk најдоцна до 10 мај 2015.

Огласот не ги исклучува вештите студенти од техничките факултети. Доколку се пронаоѓате, ве охрабруваме да се пријавите.

Условите за работа ќе бидат утврдени во согласност со најповолниот кандидат.