Зимска коска (Winter’s bone)

Филм за точката бело во море на црнило, за малите животни победи, за женската борба да се зачува она што може

Зимска коска (Winter's bone)Режија: Дебра Граник

Улоги: Џенифер Лоренс, Џон Хоукс, Гарет Дилахант

Времетраење: 100 минути

Јазик: англиски

Премиера: 17 септември 2010

Жанр: драма, мистерија, трилер

Награди: најдобар филм на фестивалот на независен филм „Санденс”, номиниран за Оскар за најдобар филм

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 9/10

____________________________________________________________________________________________
Што кога си девојка и од раѓање ти се поделени лоши карти? Кога се околу тебе вика дека треба да бидеш или силувана или да затрудниш на 16 години и да бидеш тепана од мажот или да отидеш во војска и… толку можеш да очекуваш од животот. Дали тогаш ќе се бориш или ќе „легнеш” на патот за судбината да те раскине? Да разјасниме, да излезеш не можеш, но да направиш мали промени за себе и за најблиските, да секако дека можеш. Тинејџерката Ри во „Зимска коска” одбира да не стои како нем сведок додека непредвидливите животни настани ја фрлаат во калта. И иако таа во оваа мини приказна е победник, филмот е светлосни години далеку од хепи енд. Затоа што да бидеме реални, картите веќе се поделени. Можеш некое време да блефираш, но ќе те препознаат, а ти само го одолговлекуваш неизбежниот крај.
____________________________________________________________________________________________

Приказна: Ри (Џенифер Лоренс) живее во руралниот Озарк и целиот товар околу грижата за семејството е оставен на неа. Татко ѝ е во затвор додека мајка ѝ е во депресија и комплетно не функционира. Младата девојка покрај за себе мора да се грижи и за помладите брат и сестра. Како ова да не е доволно, Ри дознава дека татко ѝ е пуштен од затвор, а за да ја плати кауцијата како залог ја ставил целата нивна куќа. Доколку не се појави во суд за една недела, тие ќе ја загубат нивната руинирана куќа која и покрај сè им е дом, единствена сигурност и покрив над главата. Ри тргнува во потрага по својот татко, а луѓето низ кој треба да помине за да дојде до каква било информација се благо кажано непријатни – сомнителни типови кои исто како и жените се соочиле со својата улога во средината, тие се непресметливи тепачи на жени, глави на семејството и пред сè произведувачи и дилери на дрога. Зимска коска (Winter's bone) Важен е трнливиот пат низ кој младата Ри ќе помине за да си помогне себеси и на своето семејство, а единствен кој ќе и помогне е чичко ѝ Теардроп кој иако е ист како останатите, наоѓа трошка милост за својата внука. Но само трошка, не многу повеќе. И да, Ри на крајот од сè успева да го зачува својот дом, но како што камерата се оддалечува додека таа седи на скалите, не може а да не го составите во вашата глава крајот кој не ни го покажуваат, оној по одјавната шпица – трудна, силувана, тепана или во првите редови во војска. Зимска коска (Winter's bone) „Зимска коска” е втор долгометражен филм на режисерката Дебра Граник, но недостатокот на филмско искуство воопшто не се забележува. Таа креира темен филм исполнет со мачно чувство на неизбежната состојба, а иако е жена и главната улога ја толкува жена – ова не е женски филм. Таа ја избегнува замката да направи мекушасто кинематографско парче кое тотално ќе ја одвлече машката публика. „Зимска коска” е пред сè филм со карактер. Се појавуваат актери кои не се толку познати, но воопшто нема утки. Единствена која можеби е препознатливо лице е Џенифер Лоренс (играше покрај Ким Бесинџер и Шарлиз Терон во Burning Plain) која за овој филм е номинирана за Оскар. Дали треба да ја добие статуетката оваа феноменална (само) 20-годишна девојка, одлучете вие. Зимска коска (Winter's bone)Кинематографија: Зимата може да се смета за дополнителен актер во „Зимска коска”. Ни дава чувство на неизбежност, на товар, на мачнина. Темнина, запуштени куќи, природа ама не од онаа убавата… Испукани раце, груби усни, тоа е реалноста во Озарк и никој не очекува повеќе. Денските сцени имаме впечаток како воопшто да не се случуваат дење, туку во некој магловит облак.  Зимска коска (Winter's bone) Зимска коска (Winter's bone)Кога и како да го гледате: Сепак гледајте го сами, за повременото „а” и „у”, да ви бидат во мир и тишина. По можност дома и навечер за да го имате комплет ефектот кој режисерката го замислила. За останатите параметри, нема потреба од препораки, останува на вашата желба и расположение.Зимска коска (Winter's bone)

За авторот

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    преубав филм. длабок. емотивен. не може да не ве допре…

  2. Сашо Reply

    Добар филм и добра рецензија!

Остави коментар