Зараза (Contagion)

Зараза (Contagion)

Филм за кршливоста на човековиот живот, но и за нашата битка „целта ги оправдува средствата“ за да го задржиме… Сепак, што ако смртта ни ја носи едно обично пријателско ракување или вечера во ресторан?

Зараза (Contagion)Режија: Стивен Соденберг

Улоги: Мет Дејмон, Кејт Винслет, Гвинет Палтроу, Лоренс Фишбурн, Џуд Лоу, Маријон Котиар

Времетраење: 106 минути

Јазик: англиски

Премиера: 3 септември 2011

Жанр: трилер, драма

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 9,40 од 10)
Loading...

————————————————————————————————————————————————–
Откако светот реално ја почувствува паниката поради САРС-от и свинскиот грип, а голем дел од луѓето сè уште се сеќаваат на тој страв, најдобро е да направиш трилер за нов вирус, за нова закана. Ако режисерот Стивен Соденберг го снимeше овој филм пред некоја година, во очите на јавноста ќе беше осуден како суров бескрупулозен филмаџија кој гази по трупови за да заработи. Но сега, поминато е доволно време за да може дистанцирано да гледаме на работите, а од друга страна, сепак, сè е доволно блиску за да почувствуваме емотивна поврзаност.

А, иако во Македонија целата ситуација со вирусите мина помирно, низ целиот свет луѓето подлабоко ги преживеаја паниката и стравот за сопствениот живот. Можеби поради овие мали наговестувања за сценариото, ви наликува дека филмот е копија на „Епидемија“ со Дастин Хофман, но факт е дека Соденберг создава малку потемна и помачна приказна во која нема некои особени љубовни стории или пак слепо трчање по магичниот противотров кој за 24 часа ќе реши сè.
————————————————————————————————————————————————-

Приказна: Уште во првите 10 минути од филмот, Бет (Гвинет Палтроу) се враќа од бизнис патување во Хонг Конг, по што има напад и умира, а сличното му се случува и на нејзиниот малечок син, Кларк. Единствено сопругот Мич е имун. Како во епицентар на една огромна пајакова мрежа, филмски се регистрираат сите страни во кои тргнува заразата и колку таа излегува од контрола. Веднаш се алармираат надлежните органи и почнува истрага. На истражувачката страна се: Лоренс Фишбурн, Кејт Винслент и Марион Котијард и сметам дека поголемо навлегување во деталите е непотребно. Зараза (Contagion)Соденберг, како режисер кој има потпишано култни филмови како „Ерин Брокович“ или „Секс, лаги и видеоленти”, работи (најверојатно) со огромен буџет, па е слободен да си прави што сака. Така што, ако вообичаено во филмовите знаете дека најголемата ѕвезда нема да умре или пак тоа ќе ù се случи на пет минути пред крајот, тука тоа воопшто не е случај. Палтроу ја има, сè на сè, 15 минути и… добро не откривам што сè понатаму се случува. Интересно е што и во споредните улоги се јавуваат оние актери на кои можеби не им го знаете името, но знаете дека сте ги виделе некаде.Зараза (Contagion)Режија: И покрај сите атрибути, чувството е дека Соденберг прави филм кој на крајот не те задоволува комплетно. Од една страна е приказната за трката по лек, но и бирократските шаховски игри кој ја кочат. Низ ликот на Ален (Џуд Лоу) се разгледува и граѓанското новинарство, односно сè поприсутните блогери, твитерџии, кои иако во одредени моменти може да придонесат многу за да излезат некои информации на виделина, се случува и во таа слепа потрага по нешто, да направат повеќе штета отколку корист.

Се разгледува и прашањето кој ќе биде прв спасен – ти или јас, кој е поважен. Соденберг наметнува толку многу потприказни што е просто невозможно целосно да се разработат само во еден филм. Тој почнува да ги поставува, но некаде попатно во целата таа конфузија се губи и ги остава некако магливи, недоречени, без некој особено силен импакт врз гледачите.Зараза (Contagion)Кога и како да го гледате: На моменти има кратки сцени кои може да ги вознемират почувствителните гледачи, како сликите од аутопсија. Сепак, според мој вкус, генерално филмот и не е нешто трауматичен. Ако му текне на некого да го донесе во кино, тоа е вистинското место да се гледа „Зараза“ и дефинитивно подобро „легнува“ ноќно време.Зараза (Contagion) ———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Sanja Reply

    Filmot bas te tera da se zamislis?!!! A i za potrebite na istiot imaat sobrano pogolem del od holivudskite zvezdi na edno mesto vklucuvajki go i reziserot, taka da…

Напиши одговор на Sanja Откажи одговор