Закопан (Buried)

Минималистички и клаустрофобичен филм за неочекуваните кошмарни животни пресврти и за борбата за живот до последната секундa

Закопан (Buried)Режија: Родриго Кортес

Сценарио: Крис Спарлинг

Улога: Рајан Рејнолдс

Времетраење: 95 минути

Јазик: англиски

Премиера: 29 септември 2010

Жанр: трилер, мистерија, драма

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 8/10

____________________________________________________________________________________________
Во кинематографска ера кога специјалните ефекти се филмско „добро утро“ и сé помалку се снима, а се повеќе се доработува и дошминкува на компјутерските монитори, вистинска реткост е да се види минималистички филм кој се враќа на голата суштина на работите – сé што е потребно е креативно сценарио, инвентивна режија и глумец кој не се плаши да превземе ризик. Токму по таа формула е работен филмот „Закопан“ во кој постојано пред камерата имаме само еден актер, Рајан Рејнолдс, а апсолутно целото дејствие се одвива во дрвен ковчег, под земја. Иако филмската траекторија на моменти малку паѓа, што е прифатлив ризик со оглед на тоа дека следиме час и половина дејство кое се одвива на метар квадратен, сепак сценаристот и режисерот наоѓаат креативни начини да не вратат на патеката, што за приказна со волку „ограничувачка“ основа е вистинска умешност.
____________________________________________________________________________________________
.

Приказна: Пол е возач за американска компанија во Ирак. Откако неговата група е нападната, тој се буди во дрвен ковчег под земја, а оставен му е само мобилен телефон со ограничено траење на батеријата и запалка. Има само неколку часа да изнајде начин за да се спаси… и би било сурово ако ви раскажам повеќе од приказната – би била како најиритантното друштво за филм (од оние кои го гледале филмот и ги извикуваат сцените пред да се случат). Затоа пуштете си го „Закопан”. Закопан (Buried) За овој филм, режисерот Родригез одлучил да биде каскадер во сите аспекти – презема толку ризици и ниту еднаш не ја одбира сигурната варијанта што просто е неверојатно. Покрај сценариото кое е доволен предизвик, за главна улога одбира актер кој е најпопуларен по романтичните комедии, Рајан Рејнолдс. Тој го носи сизифовиот товар во овој филм додека сите останати актери се јавуваат како глас преку телефонот или во кратка секвенца. Последно негово запаметено остварување е лимунадестото филмче The Proposal со Сандра Булок, додека во весниците генерално го пишуваат како мажот на Скарлет Јохансон. Но Рејнолдс сосема добро си ја завршува работата во „Закопан”. Огромен актерски тест е што на секое следно снимање, на секој следен кадар мора да се продолжи со истата емоција и со истата состојба на умот, на човек закопан под земја. Сепак, Рејнолдс се справува без притоа да го носи товарот од неговите претходни „лесни“ улогички, без да се повторува со гримасите, мимиките… Закопан (Buried)Закопан (Buried) Кинематографија: Исто како и главниот лик Пол, така и камерата воопшто не излегува од дрвениот ковчег. Мајсторство е да се изнајдат доволно агли за снимање во толку ограничен простор, а сето тоа да не изгледа смешно како зумовите на лице во сапунските серии. Тука камерата е динамична и воопшто не се чувствува „заседнатост“ и статичност. Воедно светлото во „Закопан” доаѓа од извори како запалка, мобилен телефон или халогени светилки. Има моменти кога се наоѓаме пред целосно темен екран каде се слуша само дишење или панично удирање по дрвениот ковчег. Но токму тоа го прави целиот филм интересен за гледање, атмосферата како и вие да сте со Пол во сандакот. Закопан (Buried)Кога и како да го гледате: Филмот е „Закопан”, па најдобро е додека го гледате и вие да се закопате, метафорички кажано. Значи идеалната атмосфера е во темна соба на голем телевизиски екран и по можност сами, нормално доколку не сте премногу плашливи. Ова не е попладневно филмче за после работа, пуштете го на оние одбрани филмски вечери со пуканки и сокче. И нормално уште една препорака која најверојатно ја насетувате покрај сé кажано – не треба да го гледаат луѓе кои имаат страв од затворен простор.Закопан (Buried)

Интересни факти за „Како ја запознав мајка ви“
За авторот

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Go imam gledano filmot.
    Komplimenti za odlicniot osvrt.
    Prodolzete so dobrite filmski preporaki

  2. Scorp Reply

    Vo filmov zaboravile edna siiiitna rabota.
    So zapalka vo zatvoren prostor za 2min ostanuvas bez kislorod.

    Viva Hollywood!!! :))))

  3. Iv Reply

    “И нормално уште една препорака која најверојатно ја насетувате покрај сé кажано – не треба да го гледаат луѓе кои имаат страв од затворен простор.”

    Е баш заради ова и ќе го гледам… 😀

  4. Natasha Reply

    Filmot e preglup,mnogu mi bese zal sto si potrosiv 2 saati za gluposti,nisto ne se slucuva celo vreme samo isto vo edna kutija i na kraj zavrsuva…..potrosete si go vremeto popametno!!!

  5. Име Reply

    Stv e glup filmov.. i glup kraj ima, nema osvrt nikakov za iznenaduvanje taka da ako vi se troshi vreme 😉

  6. Annie Reply

    Ми се допадна филмот,а особено затоа што има неочекуван крај…Но,да не откривам многу,гледајте го и нема да зажалите 😉

  7. ma Reply

    kako zavrsuva ?

Остави коментар