Враќање во 90-тите: Морничав филмски маратон инспириран од Ноќта на вештерките

Иако има време до овој празник и кај нас не е толку познат, сепак многумина со нетрпение го очекуваат. Ако немате планирано ништо, зошто да не ги соберете пријателите, да се маскирате во страшни чудовишта и да изгледате некој (или сите) од овие одлични филмови?

1. Семејството Адамс (The Addams Family)

(1)odlichni-filmovi-za-nokjta-na-veshterkite-od-1990-tite-kafepauza.mk

Кој не го знае морничавото семејство Адамс? Овој филм има сè што ви е потребно – интересни шеги, одлични ликови и морничава куќа. Се разбира, овде е и големата љубов на Гомез и Мортиша Адамс.

2. Каспер (Casper)

(2)odlichni-filmovi-za-nokjta-na-veshterkite-od-1990-tite-kafepauza.mk

Уште еден филм со Кристина Ричи. Каспер е вистинска класика која морате (повторно) да ја изгледате на Ноќта на вештерките. Приказната сигурно ви е веќе позната: Експерт за паранормални појави и неговата ќерка се вселуваат во куќа со 3 лоши духови. Но, овде е и духот Каспер кој се спријателува со девојчето.

3. Битлџус (Beetlejuice)

(3)odlichni-filmovi-za-nokjta-na-veshterkite-od-1990-tite-kafepauza.mk

Немојте да го повторите неговото име три пати бидејќи ќе се појави. Актерската екипа е одлична, а Мајкл Китон го игра ликот на Битлџус. Ако веќе ви е гледан филмот, сигурно ќе сакате да ја запеете и „The Banana Boat Song“ и да танцувате како да сте опседнати.

4. Кула на ужасот (Tower of Terror)

(4)odlichni-filmovi-za-nokjta-na-veshterkite-od-1990-tite-kafepauza.mk

Овој филм е навистина страшен, но и возбудлив. Овде станува збор за еден новинар кој истражува напуштен луксузен хотел, во кој исчезнале 5 луѓе пред 60 години.

5. Вештерка тинејџерка (Teen Witch)

(5)odlichni-filmovi-za-nokjta-na-veshterkite-od-1990-tite-kafepauza.mk

Ако сакате да гледате филм со вашите пријателки, нема подобар од Вештерка тинејџерка. Средношколката Лоис, како и секоја тинејџерка има љубовни проблеми. Но, таа открива дека има магични способности. За жал, не може да ја најде вистинската љубов со помош на магија.

6. Кошмарот пред Божиќ (The Nightmare Before Christmas)

(6)odlichni-filmovi-za-nokjta-na-veshterkite-od-1990-tite-kafepauza.mk

Овој филм е и за Божиќ и за Ноќта на вештерките. Ова е приказна за Џек Скелингтон, кралот на Градот на Ноќта на вештерките, кој го открива Божиќниот град. Тогаш тој добива идеја да го донесе Божиќ во неговиот град, но ништо не оди по планот.

7. Градот на Ноќта на вештерките (Haloweentown)

(7)odlichni-filmovi-za-nokjta-na-veshterkite-od-1990-tite-kafepauza.mk

Зарем како мали не сте посакале да бидете вештерки? Откако ќе открие дека е вештерка, малата Марни ја почнува својата авантура. Таа сака да го спаси Градот на Ноќта на вештерките.

8. Хокус Покус (Hocus Pocus)

(9)odlichni-filmovi-za-nokjta-na-veshterkite-od-1990-tite-kafepauza.mk

Го оставивме најдоброто за крај. Ова е култен филм за Ноќта на вештерките кој секој мора да го изгледа. Не можете да ја поминете оваа ноќ без сестрите Сандерсон. После 3 векови, трите вештерки воскреснуваат во Салем и сакаат повторно да владеат со градот. Само двајца тинејџери и едно мало девојче можат да ги спречат.

Ако уште сега почнавте да размислувате за вашата маска за Ноќта на вештерките, овој мејкап тренд нека ви биде инспирација.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар