Воен брод (Battleship)

Воен брод (Battleship)

Филм за храброста, снаодливоста и за издржливоста во најтешките моменти

Воен брод (Battleship)Режија: Питер Берг

Улоги: Тејлор Кич, Лијам Нисон, Таданобу Асано, Бруклин Декер, Ријана…

Времетраење: 131 минута

Јазик: англиски

Премиера: 18 мај 2012

Жанр: акција, авантура, научна фантастика

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (14 гласа, просек: 8,71 од 10)
Loading...


За време на годишните морнарски игри, флотите на Америка и на Јапонија тргнуваат по својот вообичаен пат. Но, сосема неочекувано по нивното испловување, тие налетуваат на непознат објект во океанот. Пробувајќи да дознаат за што станува збор, од неидентификуваниот објект ги изненадуваат група летала кои не се многу пријателски настроени.

Набрзо започнува борба за одбрана на Земјата и бидејќи непријателот е многу помоќен, капетаните мора да смислуваат алтернативни начини за напад, за да можат барем малку да ги изедначат силите.



Приказна: Стоун Хопер (Александар Скарсгард) очајно пробувајќи да го доведе својот брат Алекс Хопер (Тејлор Кич) на добриот пат, му „наредува“ да стане дел од морнарицата во која тој веќе е поручник. Но, многу брзо ќе се покаже дека ни тоа нема да има големо влијание врз Алекс. Тој постојано доцни, не слуша наредби и реагира премногу импулсивно и без размислување. И покрај тоа што сите кои се дел од морнарицата сметаат дека тој има голем потенцијал, поради неговата неспособност да се поправи, морнарските игри треба да бидат неговата последна мисија.Воен брод (Battleship)Алекс е лудо вљубен во Саманта Шејн (Бруклин Декер), која е ќерка на адмиралот Шејн (Лијам Нисон), еден од најважните луѓе во морнарицата. Бидејќи Алекс планира да се ожени со Саманта, тој мора да побара дозвола од нејзиниот татко. Игрите треба набрзо да започнат, но и покрај тоа што тој има многу шанси да го стори тоа, сепак ниеднаш не успева да собере доволно храброст за да му пристапи.Воен брод (Battleship)Воен брод (Battleship)Додека флотата полека го напушта пристаништето, Саманта која е физиотерапевт, добива задача да му помогне на еден војник кој ги изгубил нозете во акција. Таа треба да му ја врати мотивацијата за живот и борба, незнаејќи дека нејзиниот план ќе ја одведе точно во центарот на настаните.

Во меѓувреме флотата налетува на непознат објект во океанот и 3 брода истапуваат напред за да ја испитаат ситуацијата мислејќи дека станува збор за ново „изненадување“ од организаторите на воените игри. Но, работата брзо ќе избега од контрола кога непознатиот објект ќе постави огромен штит околу него и трите бродови. Флотата ќе остане надвор и нема да може никако да влијае на тоа што се случува внатре.Воен брод (Battleship)Воен брод (Battleship)По поставувањето на штитот, се појавуваат и 3 вонземски летала кои многу брзо ќе покажат дека се страшно помоќни од воените бродови. Бидејќи поголемиот број од морнарските офицери нема да го преживеат нападот, Алекс дознава дека тој е офицерот со најголем чин на неговиот брод и дека ќе мора за кратко време многу да се промени – да ја пронајде внатрешната храброст, зрелост и снаодливост. Тој исто така мора и брзо да се прилагоди на ситуацијата за да може да успее да дознае за што станува збор и како да ги спречи овие навидум непобедливи противници.Воен брод (Battleship)Воен брод (Battleship)Кога и како да го гледате: Овој интересен филм ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Но, сепак за да сфатите точно за што станува збор мора активно да ги следите сите настани и поради тоа треба да бидете добро одморени и расположени. Овој филм е одличен избор за филмските викенд-вечери со вашите најблиски.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар