Во подобар свет (In A Better World)

Сподели

Филм за неправдите и за насилството кои не пресретнуваат без разлика дали сме деца или возрасни луѓе и кој е вистинскиот однос кон нив

Во подобар свет (In A Better World)Режија: Сузан Биер

Улоги: Микаел Персбранд, Трина Дурхолм, Маркус Ригард

Времетраење: 119 минути

Јазик: дански, шведски, англиски

Премиера: 29 август 2010

Жанр: драма, трилер

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 Star2 Stars3 Stars4 Stars5 Stars6 Stars7 Stars8 Stars9 Stars10 Stars (9 гласа, просек: 9.67 од 10)

Loading ... Loading ...

————————————————————————————————————————————————-
Можеби е бајато дури сега да се пишува за филм кој веќе добил Оскар за најдобар странски филм, но ми се чини дека е и премногу себично да се премолчи одлично кинематографско парче, дури и ако сум го изгледала предоцна. Без разлика што генерално европската кинематографија повеќе се труди да биде уметничка отколку комерцијална, под претпоставка дека не може да се натпреварува со ѕверот наречен Холивуд, понекогаш излегува филм кој во себе ги носи и двата сегмента… но, и многу повеќе од тоа.

„Во подобар свет“ е една мудро обсмислена целина во која се прави анализа на нашиот однос кон неправдата и притоа го допира гледачот на многу човечко и лично ниво. Без разлика што можеби нема секој да се „види“ во презентираната приказна, ќе се препознае во чувството на беспомошност и гнев. Овој филм на крајот на краиштата и не ни мудрува како правилно да се однесуваме кон тие чувства, иако попатно можеби ќе добиете чувство дека го прави тоа.

Сепак, на крајот, како сума сумарум на сè што е кажано, е дека сите сме човечки суштвества со свои мани и грешки, но тоа не смее и не треба да не оправда во сите постапки, туку да не натера да бидеме малку подобри од тоа што реално сме.
————————————————————————————————————————————————

Приказна: Главни двигатели на дејствието се две мали момчиња, Кристијан и Елијас. Кристијан заедно со татко му се вселува во мало место во Данска откако неговата мајка умира од рак. Таму се запознава со Елијас, кој пак е константно малтретиран на училиште. Така почнуваат пријателство, кое пополека од фрустрација и бес се развива до неочекувани размери. Покрај нив приказната се „шири“ и на нивните родители. Таткото на Кристијан, и покрај своите болки и обвинувања околу смртта на сопругата, се мачи и да допре до дистанцираниот син. Додека таткото на Елијас, Антон е доктор кој практично е поделен на две места, работата во бегалски камп во Африка и семејството и домот во Данска. Од друга страна, пак, Антон и неговата сопруга се разделени и минуваат низ сопствени дилеми и прашања во врска со понатамошниот заеднички живот.Во подобар свет (In A Better World)Низа различни прашања како загуба на родител или пак, дилемата на доктроската етика да лекуваш некој кој знаеш дека безмислосно убил илјданици луѓе, во овој филм се третираат од еден аспект, неправдата и човечкиот однос кон тие проблеми. Дека понекогаш е нормално, и покрај целиот труд, сепак, да се скршиш и да се претвориш во нешто што не го сакаш, но најважно е да станеш свесен за тоа и да ја продолжиш борбата за подобро јас понатаму.

Иако актерски, во „Во подобар свет“ нема утки, најголемо изненадување се децата, Вилијам Нилсен (Кристијан) и Маркус Ригард (Елијас), кои и покрај годините, како комплетно да се свесни за тежината на проектот и самите актерски прашања и дилеми кои треба да ги решаваат при градењето на својата улога. Кристијан е е пасивно агресивно дете кое е тивко луто на светот, освен во некои кратки ситуации кога гневот почнува да извира од него како во бура. Елијас е момче кое пред сè, поради мирната семејна атмосфера потајно, мирно и нежно се носи низ работите.Во подобар свет (In A Better World)Кинематографија: Кадрите се поделени помеѓу студената Данска и тропската Африка. Сепак, и двете се прикажани веродостојно, онака како што ги замислуваме. Во Данска е ветровито, се возат велосипеди и морето е некако студено и мрачно. Додека Африка е сончева и правлива, а луѓето се убиваат додека да трепнеш со окото и без на никого да му гајле. Затоа таму човечкиот живот не вреди ниту денар.Во подобар свет (In A Better World)Кога и како да го гледате: Дефинитивно во возрасно друштво без деца во непосредната близина. Подобро е да бидете повеќе луѓе, особено ако сакате да дискутирате и да анализирате, и себеси и другите. Во подобар свет (In A Better World)

—————————————————————————————————————————————————————-

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар