Во едно далечно време (Once Upon a Time)

Во едно далечно време (Once Upon a Time)

ТВ серија за проклетствата од минатото и за оние на кои им е пишано да ја променат иднината

Во едно далечно време (Once Upon a Time)Главни улоги: Џинифер Гудвин, Џенифер Морисон, Лана Парија, Џош Далас, Роберт Карлајл

Жанр: драма, авантура, фантазија

Премиера: 23 октомври 2011

Јазик: англиски

Времетраење: 45 минути

Број на сезони: 1

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (94 гласа, просек: 9,19 од 10)
Loading...

———————————————————————————————————————————————————————-
Замислете си живот во кој сте заглавени во времето и просторот… Навидум сè е нормално и во ред, а всушност не сте свесни за она што ви недостасува. Тоа е проклетство. За него често е раскажувано во бајките, но овојпат тоа е дел од сегашноста. Само една личност може да го скрши и да ги ослободи
сите од таа непозната стега, од таа мрачна покривка префрлена врз целиот град, која ги прави луѓето несреќни и мизерни. За среќа, стрелките на часовникот се помрднуваат. Сегашноста почнува да тече. А иако минатото е раскажано во приказните, иднината ни е сосема непозната. Вистинска мистерија…
———————————————————————————————————————————————————————-

Приказна: Ема Свон е 28-годишна девојка, ловец на награди, ладнокрвна, па дури и брутална. Една вечер, после успешно завршената работна мисија, на нејзината врата во домот затропува 10-годишно момче, кое вели дека доаѓа од Сторибрук, Мејн и тврди дека е нејзин син. Во едно далечно време (Once Upon a Time)Таа презема одговорност да го врати назад, но кога стигнува таму, ја запознава неговата злобна мајка и поради тоа одлучува да остане. Нејзиното останување значи дека работите ќе почнат да се менуваат и дека постои надеж народот да биде спасен од проклетството. Во едно далечно време (Once Upon a Time)Ова е сегашноста, во која 10-годишниот Хенри е убеден дека ситуацијата во која се наоѓа Сторибрук е масло на неговата мајка, која во минатото била злобната вештерка од приказната за Снежана. Нормално, во ова никој не верува, но случка по случка, полека почнуваат да се отклучуваат затворените врати зад кои длабоко се закопани тајните на Сторибрук, па фантазијата сè повеќе станува реална.Во едно далечно време (Once Upon a Time)
Паралелно се одвива приказната за Снежана, кога пред 28 години, на денот на нејзината венчавка со принцот, злобната вештерка упаѓа на свеченоста и се заканува со проклетство кое засекогаш ќе ги смени животите на сите, секако кон полошо, а нејзе ќе ја направи апсолутен господар. Пред да дојде судниот час, Снежана предвремено ја раѓа нејзината ќерка Ема, која е единствената што се спасува од проклетството и единствената, која 28 години подоцна, може сите да ги избави од него.Во едно далечно време (Once Upon a Time)Во едно далечно време (Once Upon a Time)
Иако дејството во серијата „Во едно далечно време“ се базира на познати ликови од бајките, тоа не ја прави помалку интересна. Напротив, една проверена приказна, едни добро изградени ликови се искористени како темел за поставување на нов, современ слој од дејствија кои интересно се испреплетуваат со минатото, не дозволувајќи ни да ја предвидиме иднината или воопшто насоката во која приказната ќе продолжи да тече. Светските критичари исто така не штедат на убави зборови и високи оценки кога станува збор за „Во едно далечно време“. Сепак, ова не е серија што ќе го погоди сечиј вкус, но ако го погоди вашиот, со сигурност ќе уживате во неа.Во едно далечно време (Once Upon a Time)
Кога и како да го гледате: Зарем има посоодветно време за бајка од моментот кога ќе си легнете!? Но, дури и да не го изберете овој момент, серијата нема да ви биде „тешка“ за кој било друг период од денот и ден во неделата. Лесно ќе ја конзумирате приказната, па може да се случи да исконзумирате повеќе епизоди едно по друго.Во едно далечно време (Once Upon a Time)

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Priest Reply

    Ај ако сака некој торент нека остави..за серијава ^^

  2. Dea Reply

    Voopsto ne mi se bendisuva sedrijata,.

  3. Iva Reply

    Seriava e mnogu interesna no ovde ima ostaveno mnogu pogresni podatoci deteto se vika Henri ne Mejt i Ema ne e 28 tuku 27 godini i prikaznite nimalku ne se slicni na onie koi nam ni se poznati.

    http://www.movie2k.to/tvshows-1210022-Once-Upon-a-Time.html ovde moze da ja gledate seriiata

  4. Vladimir Reply

    http://www.filmovin.com/publ/serije_uzivo/once_upon_a_time/64-4-2

    Ovde može da ja gledate serijata, prevod na srpski 🙂

  5. кејтикејт Reply

    серијата има и втора сезона,a се спрема и третата сезона.
    Ја имам изгледано, интересна е за тинејџери.

Напиши одговор на Dea Откажи одговор